Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Брутален напад во Орешани: Тепале маж до безсознание поради сомнеж за кражба на лубеници

by Уредник
26.07.2025
in Uncategorized

Двајца мажи на возраст од 39 и 31 година се осомничени за брутален напад врз маж кој, според нив, украл лубеници од нива во селото Орешани. Инцидентот се случил на 24 јули, а Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека против нив е поведена истрага за кривично дело – Насилство по член 386 став 6 во врска со став 3 и 1 од Кривичниот законик.

Според информациите, оштетениот со својот автомобил се движел од Петровец кон Таор, кога бил следен од осомничените со товарно возило. Откако влегол во дворот на куќата на својот внук во Орешани, осомничените го стигнале, насилно го извлекле од возилото и започнале да го удираат со тупаници и шамари.

Вториот осомничен дополнително извадил водоводџиски клешти од камионот и продолжил да го удира додека жртвата не паднала во безсознание. Нападнатиот добил тешки телесни повреди и е хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија во Скопје, каде се наоѓа во животозагрозувачка состојба.

Сè се случувало пред очите на внукот на оштетениот, кој бил сведок на настанот. Според Обвинителството, нападот предизвикал чувство на страв и загрозеност кај него и пошироката јавност.

Поради тежината на делото и опасноста од бегство или повторување на насилството, јавниот обвинител побара притвор за двајцата осомничени.

Next Post

Ѓорѓиевски го одбележа 26 Јули: Сеќавање на жртвите и повик за обединето Скопје

Скопје по 1963 - Донирани објекти:

Препорачани Вести

Мистериозно исчезна службен пиштол во полициска станица!

11 months ago

Обилни врнежи предизвикаа поплави низ земјата, ЦУК во постојана координација со општините

2 months ago

Популарни Вести

  • oblaci

    Нестабилно облачно време, локален дожд и снег на повисоките предели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја денес делови од Кисела Вода и Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на водоснабдувањето во Маџир Маало од 9:30 часот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.