Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Пекол во Грција: На Пелопонез измерени речиси 46°C, 85% од населението под горештини над 39°C

by Уредник
26.07.2025
in Uncategorized

Грција денеска го доживеа најжешкиот ден од новиот топлотен бран, со рекордни 45,8 степени Целзиусови измерени во Скала, општина Месиниа на Пелопонез. Според податоците на Националната опсерваторија во Атина и метеоролошкиот портал Метео, дури 85 отсто од населението на земјата биле изложени на температури над 39°C.

Температурите во многу делови од земјата надминаа 42 степени, особено во Епир, Тесалија, западна и северна Грција, Пелопонез и јужниот дел на Крит. Просечната максимална температура денеска достигна 37,6°C – највисока во последните денови.

Во 359 од 554 активни метеоролошки станици биле измерени температури над 37°C, 165 станици регистрирале над 40°C, а на 34 локации термометарот покажал над 42°C. Во областа Атика, каде што се наоѓа и Атина, температурите се искачија над 40°C.

Според прогнозите, топлотниот бран кој започна во понеделникот ќе продолжи до крајот на неделата, при што се очекува уште неколку екстремно топли денови. Властите повикуваат на внимателност, избегнување директно изложување на сонце и хидрирање, особено за ранливите категории граѓани.

Next Post

Коњановски: Битола е раскопана, но мора да се работи – решенијата се на терен, не во канцеларија

Муцунски со остра порака до Османи: „Кога сте на власт сте Европејци, кога сте во опозиција – апостоли на поделби“

Препорачани Вести

Скандал во Државна лотарија: Шестмина под истрага за милионска злоупотреба со јавни набавки!

8 months ago

Израел: Започнавме бран напади врз Газа!

3 months ago

Популарни Вести

  • Меџити: Влада со Бадентер не ги фаворизира Албанците, потребна е подлабока анализа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Кон крајот на месец март се очекува реконструкција на Владата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Булеварот „Цветан Димов“ ќе се гради, ниту еден деловен објект нема да биде урнат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граничните премини и понатаму под блокада: Решението од ЕК се очекува денес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити во „Click Plus“: Редот во сообраќајот значи спасени животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.