Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Трамп пристигна во Шкотска: „Илегалната миграција е ужасна инвазија што ја убива Европа“

by Уредник
26.07.2025
in Uncategorized

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Шкотска на четиридневна посета која вклучува играње голф, билатерални средби и разговори со европски функционери. По пристигнувањето, тој го пофали британскиот премиер Кир Стармер, нарекувајќи го „добар човек“ со „поиберални ставови“, и истакна дека новиот трговски договор помеѓу САД и Обединетото Кралство — кој стапи на сила минатиот месец — е „добра зделка“. Главна тема на разговорите се потенцијални амандмани на тој договор.

Трамп остро ја критикуваше илегалната миграција, нарекувајќи ја „ужасна инвазија што ја убива Европа“ и апелираше до европските лидери „да се соземат“, во спротивно, како што рече, „ќе ја изгубат Европа“. Тој тврди дека во САД „во последниот месец не влегол ниту еден илегален мигрант“. Особено ги критикуваше ветерните турбини, нарекувајќи ги штетни за природниот пејзаж и за птиците.

По слетувањето, Трамп се упати кон својот голф терен во Тернбери, а планира да го посети и имотот во Абердиншир, за чиј развој, според него, помогнал легендарниот шкотски актер Шон Конери. Планирани се и средби со шкотскиот премиер Џон Свини и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Во однос на можниот трговски договор со ЕУ, Трамп оцени дека шансите се „педесет-педесет“, со напомена дека постојат околу „дваесет спорни точки“.

На новинарско прашање за случајот со Џефри Епштајн, Трамп одби да навлегува во детали, нагласувајќи дека е фокусиран на деловни договори, а не на, како што рече, „теории на заговор“. За можноста за помилување на Гислејн Максвел, која беше осудена заедно со Епштајн, изјави дека „сега не е време за таква дискусија“.

Пристигнувањето на Трамп беше дочекано со протести, организирани меѓу другото и од групата „Стоп за Трамп Шкотска“, со демонстрации планирани во неколку шкотски градови. Анкетите покажуваат висок степен на недоверба кон него — околу 70% од Шкотите имаат негативно мислење за Трамп.

Јавноста исто така критикува и за трошоците поврзани со неговата посета. Се потсетува дека за време на неговата посета во 2018 година биле потрошени над 14 милиони фунти од буџетот за полициско обезбедување, од кои повеќе од 3 милиони само за голф-теренот Тернбери. Шкотската полиција најави дека и оваа операција ќе биде „значајна“ и дека вклучува ресурси од цела држава, додека полицискиот синдикат предупредува дека толкавиот распоред има последици врз нивната секојдневна работа, и покрај тврдењата на шкотскиот премиер дека посетата нема да влијае врз редовното функционирање на полицијата.

Next Post

Трамп вети намалување на цените на лековите до 1500%

Протераниот ирански принц: 50.000 функционери се подготвени да го соборат режимот

Препорачани Вести

Огромен напад врз Украина: Русија лансираше голем број дронови

9 months ago

Инцидент со автомобилот на Вучиќ: Eдно тркало излета

12 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.