Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Пожари се шират по Балканот — Македонија досега со најмалку последици (НАСА мапа на пожарите)

by Уредник
27.07.2025
in Uncategorized

Балканот гори. Целиот јули се бележат пожари низ речиси сите земји од регионот, со човечки жртви, уништени домови, манастири, илјадници хектари шума и економски загуби. Но, за сега, Македонија поминува со најмали последици.

Најтешка е ситуацијата во Грција, каде веќе се потврдени седум жртви, десетици повредени и огромни штети среде туристичката сезона. На Халкидики, неколку општини се без струја и вода. Островите, како Евија, се особено погодени, со уништени шуми и илјадници загинати животни. Пожари беснеат и на Пелопонез, Китира и Крит, а властите предупредуваат на нови жаришта поради силните ветрови.

На Кипар, две лица загинаа во пожар кај Лимасол кој зафати над 100 км². Стотици луѓе се евакуирани, а десетина се повредени, некои тешко.

Во Албанија температурите достигнаа 43°C, а пожарите се најинтензивни во јужниот дел — во Борш, Делвина и Валона. Изгореа црква и 11 куќи, а повредени се три лица, меѓу кои и полициски началник. Шест села се евакуирани, а ангажирани се армијата, хеликоптери и меѓународна помош, вклучително и канадски авион од Италија.

Слична е ситуацијата и во Србија. Таму се активни над 100 пожари, особено во близина на Ниш, Врање, Крагуевац и други градови. Ангажирани се над 500 пожарникари со поддршка од хеликоптери. Северот и центарот на земјата се зафатени и од невреме.

Во Хрватска, Црна Гора и Херцеговина огнот уништува куќи, имоти и земјоделски површини.

Според НАСА мапите, целиот медитерански појас — од јужна Италија преку Балканот до Турција — е погоден од интензивен топлотен бран и пожари.

Во Македонија, до вчера се регистрирани 29 пожари, од кои 10 сè уште се активни, 16 се изгаснати, а три се под контрола. Најзасегнати се општините Василево, Прилеп, Македонски Брод, Штип, Зелениково, Желино, Струмица и околината на Скопје.

За среќа, досега нема жртви или значителна материјална штета како во другите земји. Но, загрижувачки е тоа што најголем дел од пожарите се предизвикани намерно — со палење гуми или други лесно запаливи материјали. Полицијата веќе работи на откривање сторители.

Противпожарните служби се на терен, а со очекуваните дождови и пад на температурите, се надеваат на стабилизирање на ситуацијата. Пожарите во Кочани, Куманово, Гостивар, Ресен и делови од Скопје се веќе изгаснати.

Next Post

Вонредна состојба во Врање – Пожарите беснеат, хеликоптери го гаснат пеколот над Мечковац!

Голем пожар беснее во Тетовско

Препорачани Вести

Илон Маск не користи компјутер?

Илон Маск не користи компјутер?

7 months ago
Полиција на секој чекор: Вчера напишани 807 казни

Полиција на секој чекор: Вчера напишани 807 казни

10 months ago

Популарни Вести

  • „Комуналец“ Битола започна голема акција за кастрење дрвја и чистење на сообраќајниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицковски: Започна изградбата на собирната улица „Туристичка“ во Струга – инвестиција од 135,8 милиони денари за подобра урбана поврзаност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Кичево до Охрид ќе се вози низ галерии – Трајановски покажа како ќе изгледа новиот автопат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонреден состанок во Брисел: Европа се мобилизира по заканите на Трамп за нови царини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој заработи, а кој изгуби на Берзата? Топ 5 акции што ја одбележаа 2025 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.