Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Трамп со ултиматум до Русија, трговски притисок врз Кина и Индија – Украина сè подлабоко во сенка

by Уредник
27.07.2025
in Uncategorized

Ниту последните преговори меѓу делегации од Москва и Киев во Истанбул не донесоа конкретни резултати, но вниманието го привлече новиот настап на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој на 14 јули објави дека Украина ќе добие дополнително оружје од САД само ако НАТО-сојузниците го платат. Истовремено, тој ѝ постави ултиматум на Русија – 50 дена за да постигне мировен договор, во спротивно ќе се соочи со „многу сериозни“ санкции, вклучително и секундарни царини до 100 проценти.

Овие санкции би ги погодиле и големите трговски партнери на Русија, пред сè Кина и Индија, кои сè уште увезуваат руска нафта и гас во големи количини. Сепак, аналитичарите остануваат скептични дека овие закани ќе го натераат рускиот претседател Владимир Путин да влезе во искрени мировни преговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Кремљ смета дека САД под водство на Трамп нема да можат да водат доследна политика на поддршка за Украина и притисок врз Русија“, вели Микола Бјелјесков, аналитичар од Националниот институт за стратешки студии во Киев. Според него, секундарните санкции би барале отворена конфронтација со Пекинг и Њу Делхи – потег со висока цена и за Вашингтон.

Украина, под се посилни внатрешни и надворешни притисоци, покажува подготвеност за компромис, вклучително и откажување од дел од окупираните територии – но под услов за добивање членство во НАТО. Сепак, од руската страна сè уште нема никакви знаци на волја за какви било безбедносни гаранции за Киев. Воената надмоќ, мобилизацијата и интензивната употреба на дронови ѝ овозможуваат на Москва постепено напредување.

Дополнително, администрацијата на Зеленски се соочува со внатрешна нестабилност. Протести избија во Киев поради закон кој ја ограничува независноста на антикорупциските институции, што предизвика силни критики од ЕУ. „Ова е сериозен удар врз довербата во реформската агенда на Украина“, коментираат високи европски функционери.

Политичкиот пејзаж дополнително се усложнува со неодамнешната реконструкција на владата, која, според критичарите, претставува концентрирање на моќта кај најблиските лојалисти на претседателот. Аналитичарката Татјана Становаја од Карнеги Центарот предупредува дека Украина е во фаза на внатрешна консолидација, додека меѓународната поддршка забележливо слабее.

„Трамп тактички ги одложува одлуките, префрлајќи ја одговорноста врз Европа“, оценува Становаја. „Киев ја користи оваа пауза за внатрешно преструктурирање и обид за задржување на кохезијата во услови на растечка деморализација и криза во човечките ресурси.“

Next Post
Русија конечно го призна она што украинците го тврдеа долго време: “Само поради ова ги победивме украинските сили на фронтот”

Путин го игнорира Трамп, руските напади во Украина со невиден интензитет

Дали постои ризик од радијација по американскиот напад врз Иран?

Препорачани Вести

Николоски го отвори Виенскиот економски форум: Стратешки поттик за регионалната соработка

Николоски на Виенскиот економски форум: На земјите од Западен Балкан им е потребна силна економска соработка

2 months ago

Изведувачот ќе ги отстранува оштетувањата на новоасфалтираната улица „Бурса“ во Битола

9 months ago

Популарни Вести

  • „Илинден“-Тирана со целосна поддршка за тужбата против центрите за мигранти во Пустец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Прилеп: Темелно чистење на коритото на Градската река кај минорот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Влада со Бадентер не ги фаворизира Албанците, потребна е подлабока анализа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Кон крајот на месец март се очекува реконструкција на Владата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Браќата Лтеиф ги документираат убавините на Христијанството преку платформа на Инстаграм од 700.000 следбеници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.