Connect with us

Македонија

Меџити од Арачиново: Инвестираме таму каде што со години се чекало!

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска го посети Арачиново по повод финализирањето на проектот за „Регулација на дел од ободен канал во Арачиново“. Проектот е целосно финансиран од буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање во вредност од 63,9 милиони денари.


Со оваа стратешка интервенција се подобрува одводот на атмосферски води за над 12.600 жители, се зголемува безбедноста на населените места и ги штити земјоделските површини од поплавување – не само во Арачиново, туку и во соседните општини.


„Дојдов тука не само да го означам завршувањето на еден проект, туку да потврдам дека Арачиново останува во фокусот на нашите политики. Ќе продолжиме со уште повеќе инвестиции што значат подобри услови за живот за сите жители на оваа општина која со години чекаше вакви капитални проекти“ изјави министерот Меџити.
Регулираниот дел на ободниот канал, во должина од 295 метри, ја враќа неговата природна функција. Каналот, кој досега беше обраснат со вегетација и затнат со отпад, доби нова пропусна моќ со што се минимизираше опасноста од сезонски поплави.


Покрај овој проект, Министерството за животна средина и просторно планирање само во изминатите месеци инвестираше уште дополнителни 93 милиони денари во речиси 20-тина проекти за водоснабдување, канализација и заштита од поплави во Арачиново, вклучувајќи и изградба на атмосферска и фекална канализација во повеќе краци од селото, регулација на речното корито во Мојанци, Грушино и Орланце, како и пешачки патеки, тротоари и уредување на јавен простор.


“Исто така тука се реализираат и значајни инфраструктурни зафати преку Министерството за транспорт и врски, само во текот на последниот период, реконструирани се локални улици и патишта во вредност од над 53 милиони денари со што се потврдува посветеноста на Владата кон Арачиново” – потенцираше Меџити, и заклучи: “Ние како Министерство за животна средина и просторно планирање ќе продолжиме да вложува таму каде што е најпотребно – за секоја општина да биде место со квалитетни услови за достоинствен живот. Развојот не смее да познава географски разлики – секој граѓанин заслужува поддршка, инвестиции и чиста животна средина.”

Advertisement

Македонија

Германски воен авион наместо во Приштина – принудно слета во Скопје

Германски воен авион денеска не успеал да слета на аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина поради недостиг на сертифициран персонал за слетување во услови на намалена видливост.

Од Агенцијата за воздушна навигација информираа дека другите летови функционираат нормално, а проблемот се однесувал конкретно на воениот лет.

Податоците од платформата Flightradar24 покажуваат дека авионот полетал од Берлин во 8:40 часот наутро и бил пренасочен кон Скопје, каде безбедно слетал.

Инцидентот повторно го отвори прашањето за техничката подготвеност на аеродромот во Приштина за слетувања во комплексни метеоролошки услови.

Continue Reading

Македонија

Инспекциите откриваат неправилности кај матичните гинеколози

09.12.2025 – Засилени контроли од страна на Управата за јавни приходи (УЈП) и Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) открија дека дел од матичните гинеколози не издаваат фискални сметки за услугите кои ги наплаќаат.

Според неофицијални информации на „Слободен печат“, мерките следат по мониторингот на невладините организации од октомври 2024 година, кој покажал дека жените често плаќале за услуги кои би требало да бидат бесплатни, а без да добијат фискална сметка.

ФЗОМ истовремено ја проширил контролата и на други сектори, вклучувајќи ја службата за итна помош, како и проверка на реалноста на боледувањата и начинот на исплата на платите. Резултатите од сите инспекции се очекуваат да бидат објавени следната недела.

Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, на прес-конференцијата се осврна и на проблемот со Клиниката за онкологија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде не се изработуваат анализи за тумор маркери.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Додека јас сум премиер, нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти

mickoski

Премиерот Христијан Мицкоски денеска јасно го потенцираше ставот на Владата дека Македонија нема да прифати илегални мигранти и нема да дозволи поставување шатори за нив на територијата на земјата.

Повод за изјавата беа објавите на британските медиуми дека Велика Британија разгледува можност за депортирање на одбиени баратели на азил во Северна Македонија, при што секој депортиран мигрант би бил платен од британската страна. Мицкоски изјави дека со британските власти оваа тема не е разговарана и дека, доколку биде, Владата ќе ја одбие таквата опција.

„Во објавите се наведува ‘неуспешни апликанти за азил да ги праќаат во трети земји’. Да потенцирам пред македонската јавност – таква тема не е предмет на разговор, а и да биде, ќе биде одбиена од наша страна. Нашата цел е заеднички да се бориме против илегалната миграција и да ја браниме Европа“, рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека опозицијата се обидува да го користи прашањето за мигрантите за политичка кампања, но нагласи дека борбата против илегалната миграција е фундаментална политика на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој најави и нов проект „Безбедна држава“, инспириран од концептот „Безбеден град“, кој ќе овозможи мониторинг на македонските граници и ќе го спречи илегалниот влез, шверцот и трговијата со луѓе.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг