Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Меџити: Почиста иднина за 18 општини – стигнува новата опрема во вредност од 10.7 милиони евра!

by Уредник
29.07.2025
in Uncategorized

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање г. Изет Меџити денеска потпиша 2 договори во вредност од околу 10,7 милиони евра со кои ќе обезбеди и испорача нова опрема за управување со отпад за 18 општини од Југозападниот и Пелагонискиот регион, како дел од реализацијата на Регионалниот проект за управување со цврст отпад.

Со овие два договора, информираше Меџити е опфатено снабдување на општините Дебар, Струга, Битола, Кичево Прилеп, Долнени и други рурални општини со сеопфатна механизација: контејнери, канти, специјализирани камиони-компактори, скип-лифтови и кипер возила, односно сè што е потребно за ефикасно собирање, транспорт и одлагање на отпадот од страна на комуналните претпријатија во општините, во согласност со европските стандарди.

“Со оваа значајна испорака на опрема која е сериозен чекор напред кон одомаќинување на европските еколошки стандарди, продолжуваме со реализација на нашата стратешка цел – изградба на одржлив и интегриран регионален систем за управување со отпад. Благодарност до сите партнери кои денеска се со нас и сесрдно го поддржуваат овој процес“ изјави министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

Опремата, согласно доставените барања од општините, се состои од:
• Пластични канти со капацитет од 120 литри,
• Метални контејнери со волумен од 1.1 м³,
• Специјализирани камиони-компактори со капацитет од 8 и 12 м³,
• Скип-лифт возила за собирање на отпад,
• Камиони-кипери за транспорт на отпаден материјал.

Новата механизација овозможува поефикасно собирање, транспорт и управување со отпадот и ќе се стави во функција на подобра јавна хигиена и заштита на животната средина. Со неа директно се подобруваат условите за работа на општинските јавни претпријатија и се овозможува поголема достапност на комуналните услуги за граѓаните.
Финансиската поддршка за оваа набавка е обезбедена преку Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), со дополнителна помош од Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања (SECO), Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) и Владата на Шведска преку СИДА.

Next Post

Гранати пронајдени кај граничниот премин Меџитлија

Комерцијална банка со 523 трансакции и 14,8 млн.ден. промет ја предводи трговијата

Препорачани Вести

Зеленски: Русија се подготвува за нова офанзива

Зеленски: Русија се подготвува за нова офанзива

5 months ago

Ни помалку, ни повеќе – 5.000 турски државјани бараат македонски пасош

8 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.