Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Зеленски дозволи: Украинци над 60 години ќе можат да служат во армијата со договор

by Уредник
29.07.2025
in Uncategorized

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потпиша закон кој овозможува украинците постари од 60 години да служат во вооружените сили врз основа на доброволен договор, пренесе агенцијата „Укринформ“.

Со новата законска рамка, лицата што ја надминале возраста за редовна воена служба, но имаат желба да учествуваат во одбраната на земјата, ќе можат да склучат едногодишен договор со армијата – под услов да добијат одобрение од командантот на единицата каде што сакаат да бидат распоредени.

Законот предвидува и двомесечен пробен период, по кој договорот ќе биде прекинат доколку се утврди дека лицето не е способно за служба. Договорите ќе можат да се продолжуваат, доколку тоа го дозволуваат здравствената состојба и воените потреби.

Зеленски го потпиша законот откако тој беше изгласан во Врховната рада на 16 јули.

Потегот доаѓа во контекст на продолжениот воен конфликт со Русија, во кој Киев постојано бара нови извори на човечки капацитет за одбрана и поддршка на фронтот.

Next Post

Вучиќ: Почнаа апсењата во Нови Пазар по судирите со полицијата

Кремљ: Ја примивме пораката на Трамп

Препорачани Вести

Јапонија: Проектот „Изнајми баба“ носи топлина и смисла во животот на многумина

6 months ago

Хирург од Битола доби осумдневен притвор

12 months ago

Популарни Вести

  • Македонската партија во Албанија поднесе тужба против Владата за отворање мигрантски центри во Општина Пустец

    Македонската партија во Албанија поднесе тужба против Владата за отворање мигрантски центри во Општина Пустец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија најавува економска помош за Сирија по крајот на режимот на Асад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патничка пронајдена мртва во авионот на „Смартвингс“ по слетувањето во Прага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ снимките на Сидни Свини, објавени од Илон Маск го подигнаа хаосот на X

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомнение за даночно затајување: Фирма и двајца управители во Струмица пред обвинителство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.