Connect with us

Република

Флеш-радар среде автопат Скопје–Куманово: Полицијата започна со нова мерка за зголемување на безбедноста

Полицијата на Северна Македонија започна со реализација на новата мерка за поставување мобилни радари на клучни делници од автопатиштата, меѓу кои и автопатот Скопје–Куманово. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, станува збор за превентивна акција со цел зголемување на безбедноста и санкционирање на прекршителите на ограничувањата на брзината.

Флеш-радарите се поставуваат на различни локации, вклучително и на средина од автопатот, што предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Додека дел од возачите ја поздравуваат иницијативата како неопходна мерка за спречување несреќи, други ја оценуваат како провокација и скриена замка за казнување.

„Целта не е казнување по секоја цена, туку предупредување и дисциплинирање на возачите“, велат од МВР.

Засега нема информации колку вакви радари ќе бидат активирани низ земјата, но од полицијата најавуваат дека мерките ќе продолжат и на други фреквентни сообраќајници.

Advertisement

Република

Утре две тетовски села ќе бидат без струја

Поради планирани технички зафати, утре (10 декември 2025) две села во тетовскиот регион ќе останат без електрична енергија во период од 09:00 до 14:00 часот.

Според најавата, прекин ќе има во делови од селото Џрпчиште, особено кај објектите што се наоѓаат во близина на млекарницата „Алпи“.

Исто така, без струја ќе бидат и делови од селото Теарце, поточно подрачјето во близина на полициската станица.

Од надлежните апелираат жителите да ги планираат своите активности согласно најавениот прекин.

Continue Reading

Република

Јорданов со апел до граѓаните по вандализмот во центарот на Штип

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, остро реагираше по серијата инциденти во централното градско подрачје, каде беа исечени новогодишни сијалици, уништени садници и оштетена урбана опрема. Тој оцени дека овие дејствија претставуваат сериозен удар врз заедничкото добро и вложувањата на општината.

„Сведоци сме на слики кои никој од нас не сака да ги види. Ваквите постапки не се само вандализам, туку ја нарушуваат сликата на градот и го поткопуваат трудот на сите кои работат за поуредено урбано окружување,“ истакна Јорданов.

Тој упати апел до СВР Штип да преземе мерки и санкции кон сторителите, потенцирајќи дека ваквото однесување ја загрозува безбедноста и ја понижува заедницата.

Јорданов ги повика и граѓаните на повисока свест и одговорност: „Нашиот град може да биде онаков каков што го посакуваме само ако секој од нас покаже грижа. Само заеднички можеме да го сочуваме јавниот простор и да создадеме средина во која сите се чувствуваме горди да живееме.“

„Нашиот град е наш дом и наша должност е да го чуваме,“ заклучи градоначалникот, охрабрувајќи ги жителите да реагираат доколку забележат уништување и да придонесат за заштита на градот.

Continue Reading

Република

ЈП „Паркинзи“ го активира синџирот на пешачката зона во Битола

Битола, 9 декември 2025 – Јавното претпријатие „Паркинзи“ известува дека од утре повторно ќе се постави синџирот на улица „Рузвелтова“.

И покрај тоа што Советот на Општина Битола ја прогласи улицата за пешачка зона, несовесни возачи ја игнорираа сообраќајната сигнализација, што го направи неопходно повторното воведување на мерката за ограничување на сообраќајот.

ЈП „Паркинзи“ апелира до граѓаните да ги почитуваат правилата за да се овозможи безбедно движење на пешаците и одржување на редот на оваа прометна улица.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг