Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Меџити: Битола добива современа пречистителна станица вредна 21,7 милиони евра

by Уредник
30.07.2025
in Uncategorized

Министерот за животна средина и просторно планирање и прв заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, го најави официјалниот почеток на реализацијата на еден од најголемите еколошки проекти во државата – изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Битола.

„Овој проект ќе донесе подобри санитарни услови за жителите, ќе ја заштити реката Драгор, Вардарскиот слив и подземните води, и ќе обезбеди ефикасен третман на урбаните отпадни води за над 110.000 жители“, изјави Меџити.

Проектот опфаќа изградба на пречистителна станица, рехабилитација и надградба на канализационата мрежа и подобрување на целокупната инфраструктура за управување со отпадни води.

Изградбата ќе ја изведуваат четири компании – Лантаниа од Шпанија, Стентон Градба од Македонија и Карканиас од Грција – во временски период од две години. Надзорот на проектот ќе го врши шпанската компанија Ептиса, со договор вреден 1,06 милиони евра за периодот 2025–2028 година.

Проектот е финансиран од Европската Унија, со цел усогласување со европските стандарди и националното законодавство за заштита на животната средина.

Меџити најави дека во најскоро време ќе се склучи и договор за градежни работи за рехабилитација и надградба на канализационата мрежа во Битола, како дел од пошироката стратегија за одржливо урбано управување со водите.

Next Post

Руска пропагандна операција: Објавена листа на „русофоби“, меѓу нив претседатели и премиери

ВИДЕО: Пеколот во Пирин: Шумата гори за секунди, пожарникарите немоќни пред пламените јазици

Препорачани Вести

Израелската армија ликвидираше висок член на Хамас во близина на Триполи

Израелската армија ликвидираше висок член на Хамас во близина на Триполи

6 months ago

Фетаи директно му порача на Села: „Да видиме кој ќе ја освои Струга!“

6 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.