Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Град за пример: Од 2019 година без жртви меѓу пешаците, а веќе една година и без загинати во сообраќајот

by Уредник
31.07.2025
in Uncategorized

Главниот град на Финска, Хелсинки, постигна импресивен успех во сообраќајната безбедност – една цела година без ниту една жртва во сообраќај. Од јули 2024 до јули 2025 година, во градот не е регистрирана ниту една фатална сообраќајна несреќа, што го прави пример за останатите европски метрополи.

Овој историски резултат не е постигнат со една единствена мерка, туку со низа мали, но ефикасни политики и инфраструктурни подобрувања. Клучна улога одиграло намалувањето на ограничувањата на брзината – денес, повеќе од половина од улиците во Хелсинки имаат лимит од 30 км/час, особено во близина на училишта и густо населени подрачја.

„Ограничувањата на брзината беа една од најважните мерки, но вложивме и во подобра инфраструктура за пешаци и велосипедисти, зголемено полициско присуство и современи технолошки решенија“, изјави Рони Утриаинен, сообраќаен инженер во Одделот за урбана средина на Хелсинки.

Автоматските системи за следење на сообраќајот, вклучително и камери за прекршување на брзината и црвено светло, како и зголемената употреба на јавен превоз и возила со системи за активна безбедност, дополнително придонесле за намалување на ризикот на улиците.

Од 1980-тите, бројот на повредени во сообраќај во Хелсинки е намален од околу 1.000 годишно на само 277 во 2024 година. Интересен е и податокот дека од 2019 година наваму, ниту еден пешак не загинал во сообраќај во овој град.

Финска, како држава, постигнува уште еден впечатлив успех: за десет години бројот на смртни случаи во сообраќајот е намален за 29%, што е далеку подобро од просекот на ЕУ, кој изнесува 16%. Ова е резултат на стратегијата „Vision Zero“ – концепт што има за цел да ги елиминира сите смртни случаи и сериозни повреди на патиштата.

Успехот на Хелсинки и Финска станува водечка инспирација и за други градови низ светот, вклучително и Њујорк, кој исто така ја применува истата стратегија и бележи континуирано намалување на фаталните сообраќајки.

Next Post

Ѓорѓиевски: Од депонии правиме паркови – отворен првиот инклузивен сообраќаен полигон и нов парк во Кисела Вода

Хамас: Ќе се бориме до целосно ослободување и држава со главен град Ерусалим

Препорачани Вести

Градоначалникот Коњановски во посета на Домот за стари лица „Сју Рајдер“

1 week ago

Напади со беспилотни летала предизвикаа хаос на руски аеродроми – затворен воздушен простор, десетици летови одложени

6 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.