Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Зеленски: Русија може да се принуди да го заврши овој воен конфликт

by Уредник
31.07.2025
in Uncategorized

Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку видео-обраќање се обрати на конференцијата во Хелсинки, на која се одбележува 50-годишнината од потпишувањето на Хелсиншкиот договор од 1975 година – историскиот договор помеѓу Западот и Советскиот блок кој го признава неповредливиот карактер на државните граници. Тој потенцира дека овој принцип е прекршен со руската агресија врз Украина.

„Верувам дека Русија може да се принуди да го заврши овој воен конфликт. Таа е таа што го започна и може да се натера да го заврши“, рече Зеленски, неколку часа по новиот ракетен и дронски напад врз Киев во кој загинаа шест лица.

Тој предупреди дека ако светот не сака промена на режимот во Русија, Москва и по завршувањето на војната ќе продолжи да ја дестабилизира регионот.

Зеленски повика и на заплена на руска имотна сопственост. „Време е за конфискација, не само замрзнување, туку конфискација и искористување за мир, а не за војна“, додаде тој.

Конференцијата ја отвори Елтина Валтонен, претседателка на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОЕБС) и финска министерка за надворешни работи, а во Хелсинки пристигна и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Хелсиншкиот договор, потпишан од 35 земји, вклучувајќи го Советскиот Сојуз и САД, ги содржи клучните принципи на државниот суверенитет, неповредливоста на границите и забрана за употреба на сила.

Русија е присутна на конференцијата, иако не испрати висок претставник, а портпаролката на Министерството за надворешни работи најави отсуство на висок претставник.

Next Post

Детали од СВР Тетово за страшната сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Солун под вода: Улиците за неколку минути се претворија во реки

Препорачани Вести

Со „СМАРТ/МК 2030“, Мицкоски најавува дигитална и транспарентна Македонија

Со „СМАРТ/МК 2030“, Мицкоски најавува дигитална и транспарентна Македонија

1 month ago

Што се случува во Вашингтон: Националната гарда на три држави пристигнува по наредба на Трамп

5 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.