Connect with us

Македонија

МФ: „Стандард и пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјата, економскиот раст останува приоритет, придружен со спроведување структурни реформи и фискална консолидација

30 јули 2025, Скопје – Во најновиот извештај, Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјата ББ- со стабилен изглед, што воедно е и потврда за политиките на Владата, а претставува и значаен сигнал за инвеститорите при носењето на нивните одлуки за инвестирање.

Во извештајот, Агенцијата посочува дека растот на економијата забрзува и останува приоритет на Владата.

Во извештајот е наведено дека растот на економијата оваа година се очекува да биде поддржан главно од потрошувачката на домаќинствата, движен од растот на платите и пензиите, како и од зголемена инвестициска активност, особено во инфраструктурата. Притоа, Агенцијата упатува на ризици кои произлегуваат од неизвесноста во европската економија како главен трговски партнер на земјата. До 2028 година, Агенцијата проектира дека растот ќе се стабилизира на околу 3%, поддржан од постепено закрепнување на надворешната побарувачка и засилување на инвестициите.

Владата, како што стои во извештајот, продолжува со напорите за спроведување институционални реформи, борба против корупцијата и владеење на правото, коишто се и клучни предуслови за интеграција во ЕУ. „Стандард и пурс“ истакнува дека економскиот раст останува главен приоритет на Владата со цел остварување раст до 5% на среден рок, поттикнат од реализација на амбициозни инфраструктурни проекти, како што се коридорите 8 и 10д и зголемени инвестиции во приватниот сектор, потоа поефикасна наплата на даноци, како и понатамошно зголемување на пензиите и платите во јавниот сектор за поддршка на домашната побарувачка. Посочува дека јавната потрошувачка останува експанзивна и упатува на спроведување фискална консолидација, при што потенцира дека со усвоениот ребаланс е потврдена целта за буџетски дефицит од 4% од БДП во 2025 година. Според Агенцијата, со Фискалната стратегија е утврдена постепена фискална консолидација, но таа очекува одредени ризици за остварување на проекциите. Од почетокот на годината до мај, приходите бележат раст од 9% на годишно ниво, водени од поголемата наплата на данокот на личен доход, зголемените приходи од акцизи, како и од растот на неданочните приходи. Во истиот период, на страната на расходите потрошувачката бележи раст за 5%, како резултат на растот на платите во јавниот сектор, тековните расходи и социјалните трансфери. Во однос на долгот, посочуваат дека и покрај затегнатите глобални финансиски услови, сервисирањето на долгот останува релативно контролирано.

Според „Стандард и пурс“, Владата и понатаму останува посветена на евроинтеграцијата, процес кој Агенцијата го истакнува како важен столб за напредок во структурните реформи на среден рок.

Кредитниот рејтинг на земјата „Стандард и пурс“ го оценува два пати во годината.

Advertisement

Македонија

Продолжува судскиот процес за катастрофалниот пожар во „Пулс“

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска се очекува ново рочиште за трагичниот пожар што ја погоди дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На дневен ред се воведните зборови на одбраната на Александар Нацев, кого обвинителството го смета за неформален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, како и на правните лица „ММММ Кафе“ ДООЕЛ Кочани и „Рубикон секјурити солушнс“.

На претходното рочиште обвинителот Борче Јанев потенцираше дека судењето е повеќе од обид за казнување – тоа е чекор кон јавното соочување со институционалната одговорност. „Пожарот не е само последица на пиротехника, туку резултат на години системски пропусти, молчење и недостаток на контрола“, рече Јанев, додавајќи дека клубот бил претворен во „смртоносна стапица“.

Сите обвинети досега негираа вина за „тешки дела против општата сигурност“. Дел од нив преку адвокатите изразија сочувство до семејствата на жртвите, но упорно тврдеа дека трагедијата е последица на институционални пропусти, а не нивна лична одговорност.

Сопственикот на клубот, Дејан Јованов, кој девет месеци е во притвор, рече дека сè уште не може да поверува во трагедијата и дека никогаш не би дозволил небезбедни услови во клубот. Неговиот син Михаил Јованов тврди дека против него нема докази. Одбраните на другите обвинети – вклучително поранешни функционери и инспектори – посочија дека постапувале согласно законот и дека немале надлежност или можност да го спречат пожарот.

Според обвинението, дискотеката „Пулс“ со години работела незаконски – со над дозволениот број посетители, без соодветни дозволи и без систем за противпожарна заштита. Пожарот, кој избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата „ДНК“, се претвори во најсмртоносната трагедија од ваков вид во земјата, оставајќи длабоки рани кај семејствата на жртвите и во целото општество.

Continue Reading

Македонија

Силни врнежи од дожд и снег го најавуваат вистинското зимско време за празниците

Денеска Македонија е под влијание на нестабилна временска прогноза. Облачното небо ќе донесе повремени врнежи од дожд, особено во источните делови каде се очекуваат пообилни количини, локално над 25 литри на метар квадратен. Планинските предели ќе бидат побелени со снег, а слаб до умерен јужен ветер ќе го движи воздухот.

Во Скопје денот ќе биде облачен, со повремени дождови и слаб југоисточен ветер.

Утре времето ќе биде променливо облачно, со локални врнежи, најчесто во источните региони. На повисоките места и планините дождот ќе се претвора во снег. Попладне времето ќе се стабилизира, а ветерот ќе се смени во слаб до умерен северен. Главниот град ќе го доживее утрото со краткотраен дожд, но подоцна облаците ќе се расчистат.

Скијачките центри веќе се покриени со снежна покривка, која ќе се зголемува во наредните денови благодарение на врнежите од снег. Метеоролозите предупредуваат дека околу и по Нова година Балканот и Македонија ќе бидат зафатени од вистинска зимска офанзива – пообилен снег, пониски температури и вистински зимски услови за сите љубители на студените денови.

Continue Reading

Македонија

Ледени утра ни претстојат: Температурите паѓаат до -8 степени

Македонија денеска е под влијание на влажен бран со облачно време и повремени врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег.

Од петок се очекува стабилизирање на времето, но со значителен пад на утринските температури. За време на викендот и во почетокот на следната недела утрата ќе бидат ведри, но многу студени, со температури кои насекаде ќе се спуштат под нулата.

Најниските утрински температури се предвидуваат во недела и понеделник, кога на места ќе достигнат и до -8 степени. Дневните температури кон крајот на периодот ќе бидат во благ пораст, достигнувајќи до 10 степени.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг