Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Криумчарење на какао – новата „слатка“ контрабанда што ги осиромашува Гана и Обала на Слоновата Коска

by Уредник
03.08.2025
in Uncategorized

Хеликоптери кружат над северните граници на Обала на Слоновата Коска, скенираат патишта, реки и шуми, но не трагаат по дрога или оружје – туку по криумчари на какао. Според извештај на Financial Times, во јули 2025 година цената на суровото какао на светските берзи ја надмина границата од 10.000 долари за тон – трипати повеќе од почетокот на 2023 година. Тоа го претвори какаото во профитабилна и примамлива роба за шверц, што прави огромни штети на економиите на Гана и Обала на Слоновата Коска – најголемите производители на оваа скапоцена суровина.

„Денес е побезбедно да бараш криумчари на кокаин“, вели пилот на хеликоптер за FT, кој со часови ги следел маршрутите на криумчари кои пренесуваат какао вредно милиони долари. Штетите за државите се големи, бидејќи овие количини не влегуваат во официјалниот систем, туку се продаваат на црниот пазар, каде приносите се многу повисоки.

Шема што води до Европа

Фармерите, незадоволни од државно регулираните цени, го продаваат какаото на посредници кои преку добро разработени рути – преку Буркина Фасо, Гвинеја и Того – ја извезуваат робата како „локално производство“. Таа потоа завршува во складишта во Белгија и Холандија, каде се преработува во прав за чоколадната индустрија.

Само од Гана во 2023 и 2024 се проценува дека се криумчарени над 150.000 тони какао, додека од Обала на Слоновата Коска – над 200.000. Вистинските бројки, според извештаите, се уште повисоки. Основниот проблем е големата разлика меѓу државно гарантираните и пазарните цени – на пример, Гана им нуди на фармерите 4.800 евра по тон, додека преку шверц тие можат да заработат двојно повеќе.

Корупција и „исчезнати“ тони

И покрај засилените мерки, борбата против шверцот ја поткопува корупцијата. Петмина полицајци и дури еден регионален гувернер годинава беа суспендирани поради сомнежи за примање мито. Дури и кога се запленуваат возила со неколку тони какао, дел од количината мистериозно исчезнува пред да биде регистрирана.

Овој масовен шверц ги продлабочува буџетските дупки на двете земји, чии економии се силно зависни од извозот на какао – до 20% од БДП во некои региони.

Притисок од ЕУ: следливост за секое зрно

Покрај внатрешниот притисок, Обала на Слоновата Коска и Гана се соочуваат и со надворешен – Европската Унија планира од декември 2025 да воведе строга регулатива што ќе бара целосна следливост на секое зрно какао што се увезува. Даглас Ламонт, директор на компанијата Tony’s Chocolonely, ја поддржува оваа мерка, велејќи дека тоа може да биде „пресвртна точка“ за стабилизација на пазарот.

Но, големи компании како Mondelez бараат одложување на регулативата, поради што останува неизвесно дали ќе биде навреме применета. Од друга страна, владите на Гана и Обала на Слоновата Коска сѐ повеќе се под притисок да ги зголемат откупните цени, бидејќи во спротивно криумчарењето ќе продолжи – заедно со економското исцрпување на регионите што се потпираат на ова „слатко злато“.

Next Post

Нови напади кај нуклеарката Запорожје – ИАЕА алармира за закана по нуклеарната безбедност

Експлозија во Сочи: Украински дронови предизвикаа голем пожар во нафтено складиште!

Препорачани Вести

Видео кое ќе ви го наполни срцето: Погледнете како се дочека Лазарева сабота во Лерин

Видео кое ќе ви го наполни срцето: Погледнете како се дочека Лазарева сабота во Лерин

10 months ago

Апелација ги зголеми казните на дел од обвинетите за „Ласкарци“, по 10 години затвор за сопственикот и одговорниот во „Дурмо турс“

9 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.