Авион тип „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) попладнево беше активиран за гаснење на пожарот што избувна во тетовското село Желино. Според информациите од терен, пожарот зафати пошироко подрачје, поради што беше потребно и воздушно дејствување. Активностите на терен продолжуваат.









