Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Брод потона на опасна миграциска рута во Јемен: најмалку 68 загинати, десетици исчезнати

by Уредник
04.08.2025
in Uncategorized

Најмалку 68 мигранти загинаа, а 74 се водат како исчезнати, откако брод со 154 етиопски државјани потона во близина на јужниот брег на Јемен, соопшти Меѓународната организација за миграција (IOM).

Несреќата се случила рано наутро покрај брегот на покраината Абјан, поради лоши временски услови. Според Абдусатор Есоев, раководител на IOM во Јемен, телата на 54 лица биле исфрлени на брегот во округот Канфар, додека уште 14 се пренесени во мртовечницата во Зинџибар, главниот град на Абјан.

Само 12 мигранти преживеале, додека за останатите се стравува дека се мртви. Потрагата по преживеани е сè уште во тек, потврдуваат здравствени извори од регионот.

Јемен, кој се наоѓа на една од најопасните миграциски рути во светот, е чест пункт за илјадници мигранти од Африка кои се обидуваат да стигнат до Саудиска Арабија и другите држави од Заливот. Тие патуваат преку теснецот Баб ал-Мандаб, често со небезбедни и преполни пловни објекти.

Според податоците на IOM, над 60.000 мигранти пристигнале во Јемен во текот на минатата година. Организацијата ја оценува оваа миграциска рута како „една од најпрометните и најопасните во светот“.

Next Post

Четири активни пожари во земјава, два под контрола

Армин ван Бурен приреди спектакл пред 10.000 посетители на стадионот во Битола

Препорачани Вести

ВЛЕН го објави Себаедин Даут како кандидат за градоначалник на Гостивар

5 months ago
Трамп врши притисок врз Зеленски: „Дај им го Донбас“

Трамп врши притисок врз Зеленски: „Дај им го Донбас“

3 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.