Connect with us

Економија

Едно поскапува, друго поевтинува: Ова се новите цени на горивата во Македонија!

Од полноќ нови цени на горивата – поскапување на бензинот, поевтинување на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад соопшти дека од ноќеска на полноќ (5 август 2025 година) стапуваат во сила нови малопродажни цени на нафтените деривати.

Според најновата одлука, цените на бензините се зголемуваат, додека дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поевтинуваат.

Ценовни промени:

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1 денар и ќе изнесува 75,00 денари за литар.

ЕУРОСУПЕР БС-98 исто така поскапува за 1 денар, новата цена е 77,00 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) поевтинува за 1 денар, со што новата цена ќе биде 69,50 денари за литар.

Иста е промената и за екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) – новата цена ќе биде 69,50 денари за литар.

Мазутот М-1 НС поскапува за 0,533 денари по килограм, новата цена е 39,945 денари/кг.

Новите цени ќе важат од 5 август 2025 година, од 00:01 часот.

Advertisement

Економија

Кинескиот канал Солун–Дунав повторно актуелен: Македонија би била клучна транзитна точка

Кина повторно го разгледува амбициозниот план за изградба на воден канал кој би го поврзал Егејското Море со Дунав преку реките Вардар и Морава – проект што би можел драматично да го скрати транспортот на стоки од Азија кон Европа за околу 1.000 километри. Иницијативата, вредна околу 17 милијарди долари, се разгледува како дел од глобалната стратегија „Еден појас, еден пат“, пишува N1 БиХ.

Каналот би минувал низ Грција, Македонија, Косово и Србија, што го прави регионален проект од извонредно геостратешко значење. Воедно, завршувањето на ваквиот воден пат би претставувало силен удар за Турција, бидејќи голем дел од меѓународниот транспорт би се одвивал надвор од Босфорот и Дарданелите.

Според досегашните студии што ги изработи China Gezhouba Group, проектот е технички изводлив. Предложениот коридор би го поврзал Солун со Дунав преку Вардар и Морава, со потреба од значителни градежни интервенции, продлабочување на коритата и отворање нови канали, вклучително и делници во региони како Прешевската Долина.

Клучни аспекти на проектот:

Стратешка вредност: Каналот би овозможил алтернативен европски воден пат, со значително намалени трошоци и време на транспорт. Инфраструктура: Бара огромни инженерски зафати – проширување на постојните речни корита, нови канали и современи водени патишта. Регионална соработка: Кина води разговори со Србија, Косово, Македонија и Грција, но конечна согласност сè уште нема. Еколошки предизвици: Промените во природните речни текови и потенцијални дислокации на население се меѓу најконтроверзните прашања. Геополитика: Проектот би го зајакнал кинеското влијание на Балканот и би ја намалил улогата на Турција во регионалниот транспорт.

Концептот за водна врска меѓу Дунав и Егејското Море не е нов – идејата постои уште од 19 век. Во 1907 година американска инженерска комисија го разгледувала истиот проект, но војните и политичките кризи во Европа повеќепати го одложуваа.

Денес, Солун се смета за најлогична точка за влез во овој замислен воден коридор кон Централна Европа. Доколку планот се реализира, Грција би добила значајна логистичка предност, а Балканот би станал клучна раскрсница за копнен и воден транспорт меѓу Истокот и Европа.

Разговорите продолжуваат, а судбината на проектот зависи од политичката волја на балканските земји и геополитичката рамнотежа во регионот.

Извор: a1on.mk

Continue Reading

Економија

УЈП изрече забрани за работа на 113 фирми поради неиздавање фискални сметки

Секоја четврта контрола на Управата за јавни приходи открива дека даночните обврзници не издаваат фискални сметки. Од околу 4.000 спроведени контроли, изречени се повеќе од 2.500 казни, а кај 113 правни субјекти е изречена мерка забрана за вршење дејност.

„Фактот дека секоја четврта контрола завршува со утврдена неправилност во делот на неиздавање фискални сметки укажува на широка појава на неевидентирање на готовинскиот промет“, информираат од УЈП.

Инспекциските служби утврдиле и други неправилности, меѓу кои неуплаќање на дневниот промет на банкарска сметка и неводење книга на дневни финансиски извештаи.

Continue Reading

Економија

ВЛЕН: Економскиот раст ја покажува ефективноста на работата на министерот Бесар Дурмиши

ВЛЕН ја поздравува објавената стапка на раст на Бруто домашниот производ од 3,8 проценти во третото тримесечје, соопштена од Државниот завод за статистика, оценувајќи дека овој резултат е јасен показател дека економијата се консолидира и се движи во вистинска насока.

Според партијата, ваквиот раст ја позиционира државата меѓу економиите со солидни перформанси и ги одразува позитивните ефекти од политиките насочени кон економска стабилност, привлекување инвестиции и создавање нови можности за вработување.

ВЛЕН посочува дека постигнатите резултати се тесно поврзани со работата на Министерството за економија и труд под раководство на министерот Бесар Дурмиши, кој од првиот ден се фокусирал на подобрување на условите за бизнис-заедницата и стимулирање на инвестициите. Овие чекори, велат од партијата, веќе даваат резултати преку отворање нови работни места и постепено зајакнување на економијата.

„Растот го покажува променетиот пристап. ВЛЕН ќе осигури оваа промена да продолжи да се продлабочува секој ден“, стои во партиското соопштение.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг