Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Тошковски ги осуди ксенофобичните скандирања на кошаркарскиот натпревар во Куманово

by Уредник
04.08.2025
in Uncategorized

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ги осудува ксенофобичните скандирања на кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија и Романија што се одржа во саботата вечер во Куманово.

Во гостување на „Вести плус“ на Канал 5 телевизија, тој вечерва нагласи дека Министерството за внатрешни работи веќе постапува по насока на јавен обвинител и како што рече во текот на наредните денови ќе следат процесни дејствија.

– Би сакал најостро да ги осудам таквите провокации и говор на омраза и злоупотреба на спортски настан. Постапуваме по насока на јавен обвинител и во текот на наредните денови ќе следат процесни дејствија кои што се во надлежност на Министерството. Ваков тип на говор на омраза не треба да биде предмет на политичка злоупотреба како што беше во текот на вчерашниот ден, рече Тошковски.

Според него, Министерството за внатрешни работи многупати досега има покажано дека постапува еднакво кон оние кои сквернават и употребуваат говор на омраза. 

– Министерството многупати досега под мое раководство покажа дека постапува под еднакво кон оние кои сквернават и употребуваат говор на омраза. Би сакал да ги истакнам настаните кои што беа со палењето на македонско знаме, палење на албанско знаме, сквернавење на спрски симболи на спрскиот конзулат во Куманово. Постапивме спрема сите на еднаков начин, ги лишивме од слобода сите кои беа затекнати во рамки на сторување на кривичното дело кое што е поврзано со поттикнување на говор на омраза и кое што е поврзано со поттикнување на меѓунационална нетрпеливост. Покажавме дека МВР може да биде институција која што силно и еднакво ќе одговори во секој еден случај спрема сите оние сторил кои што сакаат да ги злоупотребат правата во нашето општество, рече Тошковски.

Вели жална е политичката злоупотреба од страна на лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, којшто настанот во Куманово го поврзува со претстојните локални избори и повикува на излезност кај албанското гласачко тело нагласувајќи дека Албанците биле потиснувани откако ДУИ е во опозиција.

– Жално е политичката злоупотреба на еден ваков немил настан од страна на претседател на политичка партија која што 20 години беше на власт … Се надевам дека од ден на ден се помалку македонските граѓани без оглед дали се Македонци, Албанци, Турци и тн. гледаат дека можело поинаку, гледаат дека државата можела да ги стави во функција институциите, за разлика од порано кога не гледаа. Така што, се надевам дека се помалку граѓани ќе потпаѓаат на ваков тип политички злоупотреби на конкретни настани, кои што апсолутно треба да се осудат и треба да бидат историја, а не иднина, рече Тошковски. 

СВР Куманово денеска информираше дека биле повикани неколку осомничени лица со кои бил извршен службен разговор, откако во текот на вчерашниот ден од страна на Основното јавно обвинителство Куманово биле издадени повеќе наредби и насоки за испитување на елементи на кривично дело при скандирањето од засега непознати лица. Од ОЈО Куманово вчера соопштија дека било издадена наредба и за обезбедување на снимките од видеонадзор со цел идентификација на евентуални сторители. 

Next Post

Љатифи: 1.000 денари месечна помош за струја за најранливите семејства

Македонската заедница во Австралија го одбележа Илинден и АСНОМ во Мелбурн пред споменикот на Гоце Делчев

Препорачани Вести

Домот за стари лица во Пробиштип тоне во заборав

4 months ago
Фотографија поради која Балканот плаче од смеа: “Кога лежалките се 200 евра на ден, мора вака”

Фотографија поради која Балканот плаче од смеа: “Кога лежалките се 200 евра на ден, мора вака”

6 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.