Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Целосен пресврт во ОН: Италија со нов услов за Палестина

by Уредник
05.08.2025
in Uncategorized
Целосен пресврт во ОН: Италија со нов услов за Палестина

Тајани: Израел би направил сериозна грешка ако ја окупира Газа

Заменикот на италијанскиот премиер и министер за надворешни работи, Антонио Тајани, денеска изјави дека Израел би направил сериозна грешка доколку се одлучи на окупација на Појасот Газа.

Обраќајќи се пред новинарите во Долниот дом на италијанскиот парламент, Тајани ја повтори позицијата дека Италија не е подготвена да ја признае палестинската држава, пренесува новинската агенција Анса.

„Да се признае држава Палестина кога таа фактички не постои е правна фикција. Тоа не е ни политичка одлука“, изјави Тајани. Тој додаде дека Италија одамна поддржува решение со две држави: „Јасно е дека сме за палестинска држава – тоа го повторуваме со години.“

Според него, Италија работи на создавање услови за изградба на палестинска држава. „Веќе изнесов што е потребно да се направи и што сме подготвени да сториме. Неопходна е мисија на Обединетите нации под раководство на арапските земји, и ние сме подготвени да испратиме италијански војници. Доколку Палестина повторно се обедини, тогаш ќе може да се разговара за нејзино признавање“, нагласи Тајани.

Исто така посочи дека Италија го признава легитимитетот на Палестинската самоуправа, но дека „Хамас мора да си замине“.

На новинарско прашање за тоа како гледа на ставот на другите земји кои ја признаваат Палестина, Тајани одговори: „Секој може да зборува што сака. Но јас сум студирал право и добро се сеќавам на некои основни принципи. Погледнете ги првите три страници од дефиницијата за држава и ќе ви биде јасно.“

Четири држави – Канада, Франција, Велика Британија и Малта – најавија дека во септември ќе ја признаат Палестина како независна држава. Претходно, Шпанија, Ирска и Норвешка тоа го направија во мај 2024 година. Мнозинството земји-членки на Обединетите нации – 147 од вкупно 193 – веќе ја признаваат Палестина, која во ОН има статус на држава набљудувач.

Next Post
Средба Николоски – Сориано Ортиз: Авиолиниите Скопје – Мадрид и Скопје- Барселона се одлична можност за подобрување на соработката меѓу двете држави

Средба Николоски - Сориано Ортиз: Авиолиниите Скопје - Мадрид и Скопје- Барселона се одлична можност за подобрување на соработката меѓу двете држави

“Путин нема да попушти пред ултиматумот на Трамп”

"Путин нема да попушти пред ултиматумот на Трамп"

Препорачани Вести

Фатени на дело: Тројца Чеси копале нелегално културни богатства во Македонија

9 months ago

Со големи попусти на автомобили, Geely го одбележува првиот роденден во Македонија

10 months ago

Популарни Вести

  • Судскиот совет и истражните органи молчат – Ѓоко Ристов престанал да користи телефон, отишол на боледување и останува на невидливо место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Познато по кого трага полицијата во Батинци: Се бара Муса Џавит   осомничен за убиениот војник на АРМ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Детали од претресот кај судијата Ристов: Со градежна екипа пробиен тајниот бункер зад плочки и цигли – пронајдени 350.000 евра во кеш

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 41 ГОДИШЕН МАЖ ОД ВЕВЧАНИ ВОЗЕЛ СО 2.37 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ: Полициски службеници од Струга го приведоа пијаниот шофер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во тек голема полициска акција во Батинци – дали е поврзана со истрагата за судијата Ристов и аферата за „Фехми Стафа“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.