Свет
Москва го раскина историскиот договор – започнуваат проблемите на Трамп, кој ќе биде следниот чекор?
Москва го раскинува историскиот договор: Дали Украина станува новата војна на Трамп?
Русија соопшти дека повеќе не се чувствува обврзана да го почитува мораториумот за распоредување на ракети со краток и среден дострел. Според соопштението на руското Министерство за надворешни работи, објавено на 3 август, одлуката е донесена поради, како што се наведува, „дестабилизирачкото дејствување“ на САД и НАТО во стратешката сфера, јавува агенцијата Reuters.
Станува збор за уште еден удар врз безбедносната рамнотежа воспоставена со историскиот Договор за нуклеарни сили од среден дострел (INF), потпишан во 1987 година од тогашниот американски претседател Роналд Реган и советскиот лидер Михаил Горбачов. Со договорот беше забрането поставување копнени балистички и крстосувачки ракети со дострел од 500 до 5.500 километри.
По американското повлекување од договорот во 2019 година, Русија изјави дека нема да распоредува ваков вид оружје, освен доколку тоа први не го сторат САД. Но, според министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, Москва сега е „принудена да реагира“.
„Со оглед на тоа што ситуацијата се развива кон вистинско распоредување на американски копнени ракети од среден и краток дострел во Европа и Азија, условите за одржување на едностран мораториум повеќе не постојат“, се наведува во официјалното соопштение на руското МНР.
По потпишувањето на INF-договорот, САД и СССР уништија околу 2.500 ракети од оваа класа, а беше воспоставен и ефикасен инспекциски механизам. Денес, тој безбедносен баланс е сериозно нарушен.
„Ова сега е војната на Трамп“
Во обемна анализа на односите меѓу САД, НАТО и Русија, американската телевизија CNN оценува дека војната во Украина сега станала – „војна на Трамп“.
Доналд Трамп, кој повторно се врати на чело на САД, веќе не може да остане надвор од конфликтот. На почетокот на својот мандат тврдеше дека може да го заврши војувањето за 24 часа, потоа го продолжи рокот на 100 дена, а меѓувреме се обиде директно да влијае врз двете страни – зближувајќи се со Владимир Путин и остро настапувајќи кон украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Истовремено, Трамп ги притискаше НАТО-сојузниците да ги зголемат своите буџети за одбрана – нешто што и се случи. Но, како што посочува CNN, очекуваните резултати изостанаа.
Изминатите неколку недели биле клучни: администрацијата на Трамп ја прекина замрзнатата воена помош за Украина, а истовремено испрати остри нуклеарни пораки до Русија. Од воздржаност, американската политика премина во отворени закани.
„Трамп сфати“, велат аналитичарите, „дека Путин не бара мир“. На изјавите на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, Трамп возврати со свои – уште поостри.
Секундарни санкции – следниот потег?
Како што анализира CNN, пред американскиот претседател сега стои една од најтешките одлуки во неговата политичка кариера – дали ќе воведе секундарни санкции, односно царини кон купувачите на руска енергија.
Вакви мерки би можеле сериозно да ја погодат руската економија, но би имале и далекусежни последици по глобалниот енергетски пазар.
Индија и Кина се најголемите увозници на руска нафта. Трамп веќе најави можност за зголемени царини кон Индија, обвинувајќи ја дека ја препродава руската нафта со екстра профит. Во исто време, индискиот премиер Нарендра Моди беше остро критикуван – Трамп изјави дека „не го интересира колку Украинци убива руската воена машинерија“.
И покрај овие пораки, Индија засега не покажува намера да ја прекине соработката со Москва.
„Трамп не може да седи на две столчиња“, заклучува CNN. По природа е политичар кој сака да биде центарот на секоја одлука, кој секогаш ја бара целосната медиумска и политичка сцена. А со Украина, тој сега ја има.
Свет
ЕУ формира Меѓународна комисија за компензација на штетите во Украина
Европската унија ја формираше Меѓународната комисија за компензација на штетите во Украина, со цел да се обезбеди отштета за стотици милијарди долари штета предизвикана од руските напади и можни воени злосторства.
Во Хаг, на состанокот присуствуваа десетици лидери, вклучувајќи го и украинскиот претседател Володимир Зеленски, во рамки на дипломатските напори под водство на САД за завршување на конфликтот. Зеленски нагласи дека „секоја воена злосторство на Русија мора да има последици за оние што ги извршиле“.
Нидерландскиот премиер Дик Шуф истакна дека за праведен и траен мир е потребно Русија да ја обештети Украина за нанесената штета. Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, додаде дека формирањето на комисијата испраќа јасна порака до идни агресори дека „ако започнете војна, ќе бидете повикани на одговорност“.
Сепак, Reuters нагласува дека основањето на комисијата не значи дека Украина може да очекува брзи отштети. Механизмот за исплата на компензацијата, кој ќе има седиште во Нидерланд, сè уште е во развој, со разгледување на можностите за користење на замрзната руска имотнина и придонеси од земјите-членки.
Регистарот на штети, создаден пред две години и кој ќе стане дел од комисијата, веќе прими над 86.000 барања од поединци, организации и јавни институции во Украина. Комисијата ќе разгледува и оценува овие барања и ќе одлучува за доделување на отштета од случај до случај.
Руски официјални лица не беа веднаш достапни за коментар, а Кремљ ги негира обвиненијата за воени злосторства и ја оцени идејата за користење на замрзната руска имотнина како незаконска, со закана за одмазда.
Светската банка процени дека трошоците за обновување на Украина во следната деценија ќе изнесуваат 524 милијарди долари (447 милијарди евра).
Свет
Германија создава исклучително силна војска, но има огромен проблем
Германија има амбиција да изгради најсилна конвенционална војска во Европа, но и покрај огромните финансиски вложувања, се соочува со клучен проблем – недостиг од воен кадар и соодветна инфраструктура. Она што пред три децении предизвикуваше страв кај европските соседи, денес сè повеќе се гледа како неопходен столб за безбедноста на континентот, особено во услови на намалена американска ангажираност во Европа.
Пресврт во германската безбедносна политика настана по руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година. Тогаш беше воведен поимот „Zeitenwende“, кој означуваше радикална промена на досегашниот пристап. Со него беше најавен раскин со политиката на зависност од Москва и формирање посебен фонд од 100 милијарди евра за модернизација на Бундесверот.
Германската армија со години беше запоставена. Бројот на војници од околу 500.000 во 1980-тите падна на помалку од 180.000, а резервите на муниција и опрема беа сведени на минимум. Симбол на таквата состојба стана инцидентот на НАТО-вежба во Норвешка, кога германските војници поради недостиг од оружје користеа импровизирани реквизити наместо митралези.
Во меѓувреме, Берлин започна масивна финансиска офанзива. Во 2025 година беше одобрен одбранбен буџет од над 86 милијарди евра, а целта е трошоците за одбрана да достигнат над 3 проценти од БДП до 2029 година. Клучен чекор беше уставната реформа со која трошоците за одбрана над 1 процент од БДП се изземаат од строгите фискални ограничувања, што ѝ овозможува на Германија значително поголемо задолжување за воена намена.
Плановите вклучуваат стотици нови проекти за набавка на тенкови, борбени возила, противвоздушни системи, воени авиони и ракети со долг дострел. Сепак, и покрај амбициозната модернизација, човечкиот фактор останува најслабата алка.
Германија моментално има околу 185.000 активни војници, далеку под целта од 260.000 договорена во рамки на НАТО. Иако неодамна беше одобрено повторно воведување на делумна воена обврска, таа се темели главно на доброволност. Протестите низ земјата покажуваат дека голем дел од младите не се подготвени за воена служба.
Експертите предупредуваат дека и со најоптимистичките сценарија, Германија ќе има доволно персонал дури во 2030-тите. Дополнителен проблем е застарената инфраструктура – касарните и основните капацитети се во лоша состојба, а недостигот од офицери и подофицери останува сериозен предизвик.
Иако Германија располага со финансиска и индустриска моќ да стане водечка воена сила во Европа, јасно е дека без решавање на проблемот со човечките ресурси и инфраструктурата, амбициите ќе се реализираат побавно отколку што планира Берлин.
Свет
Брисел со офанзива против скапото домување: најавена изградба на јавни станови низ ЕУ
Европската Унија оваа недела најавува сериозен пресврт во политиките за домување, со усвојување на првиот сеопфатен План за прифатливо домување, насочен кон справување со растечките цени на недвижностите низ цела Европа. Од Лисабон до Талин, скапото домување станува еден од најголемите социјални проблеми, а Европската комисија оценува дека повеќе нема простор за одложување.
Комесарот за енергија и домување, Дан Јергенсен, истакна дека кризата со домувањето директно погодува милиони граѓани и дека досегашниот пристап не дава резултати. Новиот план предвидува ослободување на јавни средства за изградба на нови, државни и општински станови по прифатливи цени, како и мерки за контрола на шпекулациите на пазарот на недвижности.
Една од клучните промени е најавената ревизија на правилата за државна помош, со што ќе им се овозможи на земјите-членки да финансираат изградба на станови не само за семејства со ниски приходи, туку и за граѓани со средни примања кои се истиснати од пазарот поради високите цени. Ова, според Комисијата, треба значително да го зголеми фондот на достапно домување.
Планот вклучува и алатки за регулирање на краткорочните туристички изнајмувања, кои во голем број европски градови го намалуваат бројот на станови за постојано живеење. Иако не се предвидува целосна забрана, Брисел предупредува дека овој модел во одредени области излегол од контрола и станал чисто профитен, на сметка на локалното население.
Дополнително, Европската комисија најавува засилен надзор врз шпекулативните купувања на недвижности, кои, според Јергенсен, сè почесто се третираат како финансиски инструмент, а не како основно човеково право. Првиот чекор ќе биде детална анализа на обемот на шпекулациите, по што може да следуваат и политички чувствителни регулативи.
Во пакетот мерки се вклучени и иницијативи за намалување на бирократските бариери во градежниот сектор, воведување заеднички стандарди за материјали и олеснување на прекуграничната соработка. Посебно внимание се посветува и на проблемот на бездомништвото, кој зафаќа повеќе од еден милион луѓе во Европската Унија.
Иако голем дел од мерките ќе бидат во форма на препораки, од Брисел порачуваат дека одговорноста ќе биде на националните и локалните власти. Комисијата предупредува дека игнорирањето на кризата со домувањето може дополнително да го засили незадоволството кај граѓаните и да отвори простор за раст на популистичките движења низ Европа.
Трендинг
-
Црна Хроника3 days agoХорор на патот Охрид–Струга: Возач двапати тргнал кон полицајци и успеал да избега
-
Црна Хроника3 days agoДрама на автопатот Тетово – Гостивар: Ги пресретнале со ротација им го пресекле патот, па ги истепале
-
Црна Хроника4 days agoКривични пријави против полицајци од Штип – МВР со детали
-
Македонија5 days agoМВР со конечна одлука еве кога почнува „Безбеден град“
-
Република1 day agoУтре дел од Тетово и три тетовски села без електрична енергија
-
Црна Хроника13 hours agoКривична пријава за командир и полицајци – МВР со детали
-
Црна Хроника4 days agoФизички нападната девојка на работно место во Брвеница
-
Црна Хроника6 days agoПретрес во тетовско, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени две лица















