Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

“Путин нема да попушти пред ултиматумот на Трамп”

by Уредник
05.08.2025
in Uncategorized
“Путин нема да попушти пред ултиматумот на Трамп”

Путин нема да попушти пред ултиматумот на Трамп, тврдат извори блиски до Кремљот

Рускиот претседател Владимир Путин, според извори блиски до Кремљот, нема намера да отстапи пред ултиматумот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој истекува во петок. Наместо тоа, Путин останува решен целосно да ги заземе четирите украински региони – Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон – кои Москва веќе ги прогласи за дел од Руската Федерација.

Според Ројтерс, Трамп му се заканил на Кремљ со нов бран санкции и со стопроцентни царини за земјите што ќе продолжат да купуваат руска нафта – пред сè Кина и Индија – доколку Путин не прифати прекин на огнот во војната во Украина.

Меѓутоа, како што велат тројца добро информирани извори, рускиот претседател верува дека Русија победува на теренот и дека дополнителните американски санкции нема значајно да го сменат текот на конфликтот, имајќи ги во предвид досегашните економски удари од Западот што траат повеќе од три години.

Путин, според два извора, не сака директно да го провоцира Трамп и е свесен дека со тврд став можеби ја пропушта шансата за подобрување на односите со Вашингтон и Западот. Но, истовремено, неговите цели во Украина се приоритет и не се предмет на компромис.

– Ако Путин успее целосно да ги окупира четирите региони кои ги смета за руски, тогаш ќе може да тврди дека неговата „специјална воена операција“ ги постигнала стратешките цели – изјави Џејмс Роџерс, автор на претстојната книга „Враќањето на Русија“.

Тековните преговори меѓу руските и украинските делегации – кои се одржале трипати од мај наваму – се, според еден од изворите, обид на Москва да го убеди Трамп дека Путин не го отфрла мирот. Сепак, разговорите биле површни и најчесто се сведувале на хуманитарни прашања, без суштински напредок.

Русија тврди дека искрено сака долгорочен мир, но смета дека позициите на двете страни се драстично различни. Путин минатата недела ги оцени разговорите како „позитивни“.

Москва официјално бара целосно повлекување на украинските сили од четирите региони, неутрален статус на Украина и ограничување на бројноста на нејзината армија – услови што Киев решително ги одбива.

Сепак, како знак дека сè уште постои можност за дипломатски напредок, се очекува специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, да ја посети Русија оваа недела, во обид да се намали тензијата и да се избегне натамошна ескалација, особено со оглед на растечката загриженост за ризикот од нуклеарна конфронтација.

Next Post
Ердоган: Турција презема историски чекори за заштита на иднината на нацијата

Ердоган: Турција презема историски чекори за заштита на иднината на нацијата

На Клиниката за детски болести обезбеден дигитален мобилен рендген апарат со поддршка од Амбасадата на Jапонија

На Клиниката за детски болести обезбеден дигитален мобилен рендген апарат со поддршка од Амбасадата на Jапонија

Препорачани Вести

Вкупно 11 пациенти од пожарот во Кочани се лекуваат во странство

Вкупно 11 пациенти од пожарот во Кочани се лекуваат во странство

8 months ago

Алармантна состојба: Германија може да се соочи со недостиг на струја 

5 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.