Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Синот на Нетанјаху со остри обвинувања: „Катар е модерна нацистичка Германија“

by Уредник
05.08.2025
in Uncategorized
Синот на Нетанјаху со остри обвинувања: „Катар е модерна нацистичка Германија“

Јаир Нетанјаху, синот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи откако катарскиот емир Тамим бин Хамад ал-Тани и неговата мајка Моза бин Насер ги спореди со „современ Хитлер и Гебелс“.

„Катар е водечката сила зад бранот на антисемитизам што светот не го видел од 1930-тите и 1940-тите години. Тоа е модерна верзија на нацистичка Германија. Секој Евреин во светот е во опасност поради децениската кампања на оцрнување на еврејскиот народ и израелската држава, поддржана од милијарди долари што Катар ги инвестира“, напиша Јаир Нетанјаху на социјалната мрежа X.

Овие тешки зборови доаѓаат во период на нов застој во преговорите за ослободување на заложниците, каде што Катар има улога на посредник. Додека некои го обвинуваат Доха за поддршка на Хамас и за финансирање на Газа – средства што, според критичарите, индиректно ѝ овозможиле на милитантната група да гради арсенал против Израел – катарските власти тврдат дека токму Израел и САД ги повикале да испраќаат финансиска помош со цел да се избегне хуманитарен колапс во Газа.

Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела ги отфрли критиките кон Катар, наведувајќи дека земјата играла „позитивна и конструктивна улога“ во тековните дипломатски напори.

Во меѓувреме, неколку блиски соработници на израелскиот премиер се наоѓаат под истрага, осомничени дека работеле во корист на држава од Персискиот Залив.

Next Post
ПОДГОТВЕТЕ СЕ, ДОАЃА НЕВРЕМЕ: Еве каде во Македонија се очекува силно невреме со дожд и град

ПОДГОТВЕТЕ СЕ, ДОАЃА НЕВРЕМЕ: Еве каде во Македонија се очекува силно невреме со дожд и град

Зеленски ја откри единствената работа која ќе ги запре Русија и Владимир Путин

Зеленски ја откри единствената работа која ќе ги запре Русија и Владимир Путин

Препорачани Вести

Бјанка Ценсори се опамети: Го напушти Канје и побегна

Бјанка Ценсори се опамети: Го напушти Канје и побегна

10 months ago

Паника на Санторини: островот го напуштиле над 11.000 луѓе од страв од силни земјотреси (ВИДЕО)

12 months ago

Популарни Вести

  • Битола воведува електронско гласање во Советот – прв пример во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слукан: Западен Балкан е еден од најдинамичните пазари со висок раст за Binance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Хрватска е силен поддржувач на македонската европска перспектива

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ски сезоната на Копанки започнува оваа недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Платите лани се покачија за 9,2% – Славески вели дека околу растот на платите треба одговорно планирање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.