Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Во Кина пријавени над 7.000 случаи на вирус кој се пренесува преку комарци

by Уредник
05.08.2025
in Uncategorized
Во Кина пријавени над 7.000 случаи на вирус кој се пренесува преку комарци

Во јужната кинеска провинција Гуангдонг, од почетокот на јули досега се регистрирани повеќе од 7.000 случаи на вирусот чикунгуња, кој се пренесува преку убод од заразени комарци, јавува британскиот BBC.

Најголемиот број од случаите се откриени во градот Фошан, но заразата се проширила и во најмалку 12 други градови низ целата провинција. Иако, според извештаите, сите потврдени случаи биле со лесна клиничка слика, а дури 95 отсто од пациентите биле отпуштени од болница во рок од една седмица, ситуацијата предизвика сериозна вознемиреност кај населението.

Здравствените власти во Гуангдонг најавија дека ќе преземат итни и ригорозни мерки за сузбивање на ширењето на вирусот. Истовремено, на лицата кои покажуваат симптоми им е препорачано веднаш да се јават во најблиската здравствена установа и да се тестираат за вирусот.

Вирусот чикунгуња се пренесува со убод од инфицирани комарци, а симптомите обично вклучуваат треска, болки во зглобовите, осип, главоболка, мускулни болки и отечени зглобови. Кај поголемиот дел од пациентите состојбата се подобрува за една седмица, но кај некои може да се појават хронични болки во зглобовите кои траат со месеци, па дури и со години.

Светската здравствена организација (СЗО) во јули годинава упати повик за глобална акција со цел спречување на нови епидемии. Според епидемиолозите, тековниот бран на зараза започнал на почетокот на 2025 година на островите во Индискиот Океан, потоа се проширил во Источна Африка, Јужна и Југоисточна Азија.

Првата голема епидемија на вирусот чикунгуња беше забележана во периодот 2004–2005 година.

Next Post
Синот на Нетанјаху со остри обвинувања: „Катар е модерна нацистичка Германија“

Синот на Нетанјаху со остри обвинувања: „Катар е модерна нацистичка Германија“

ПОДГОТВЕТЕ СЕ, ДОАЃА НЕВРЕМЕ: Еве каде во Македонија се очекува силно невреме со дожд и град

ПОДГОТВЕТЕ СЕ, ДОАЃА НЕВРЕМЕ: Еве каде во Македонија се очекува силно невреме со дожд и град

Препорачани Вести

Тргната сликата на Саша Поповиќ од неговата надгробна плоча, вработен на гробиштата ја откри причината

Тргната сликата на Саша Поповиќ од неговата надгробна плоча, вработен на гробиштата ја откри причината

9 months ago

Сите заборавивме на напитокот на нашите стари: Го нарекуваат најздравиот чај, одличен е за мозокот

4 months ago

Популарни Вести

  • Лишени од слобода возачи во Валандово, Гевгелија и велешко затоа што управувале возила под дејство на алкохол, возачот во велешко излетал од патот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Балканска земја испраќа војници на Гренланд!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Тетово уапсен криминалец баран со потерница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 38% од тинејџерите пробале цигара: Какви забрани воведува новиот закон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата откри оружје и други предмети во викендица – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.