Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Зеленски откри досега непознати информации: Еве кои се бори на страната на руските сили во Украина

by Уредник
05.08.2025
in Uncategorized
Зеленски откри досега непознати информации: Еве кои се бори на страната на руските сили во Украина

Зеленски: Во близина на Вовчанск се борат платеници од Азија и Африка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските сили кои дејствуваат во близина на градот Вовчанск, во Харковскиот регион, се засилени со странски платеници од Кина, Таџикистан, Узбекистан, Пакистан и неколку африкански држави.

За време на посетата на 57-та одделна моторизирана пешадиска бригада, која го брани секторот Вовчанск, Зеленски се сретна со командантите за да разговара за состојбата на фронтот, тековните борбени операции и зголемената потреба од пешадија, пренесува Индекс.

Градот Вовчанск, лоциран на само пет километри од руската граница, е епицентар на интензивни судири откако Русија во мај 2024 година започна нова копнена офанзива во Харковскиот регион.

„Војниците на овој фронт забележуваат присуство на платеници од Кина, Таџикистан, Узбекистан, Пакистан и некои африкански земји. Ние ќе одговориме“, истакна украинскиот претседател.

Зеленски додаде дека на терен разговарал и за прашањата поврзани со регрутацијата и зголемување на пристапот до беспилотни летала, кои се клучни во сегашните одбранбени и извидувачки операции на Украина.

Уште во април, Зеленски изјави дека „неколку стотици“ кинески државјани активно учествуваат на руската страна во конфликтот, но Пекинг ги негираше тие наводи, повикувајќи ги своите граѓани да се воздржат од каква било вклученост во воени дејства.

Во истиот контекст, Киев обвини дека Русија ангажира и околу 12.000 војници од Северна Кореја, распоредени во Курскиот регион, како дел од пошироките напори на Москва да ги засили своите трупи со странски сили.

Next Post
РАСТЕ И ВО МАКЕДОНИЈА: Научниците го прогласија ОВА овошје за најздраво на светот!

РАСТЕ И ВО МАКЕДОНИЈА: Научниците го прогласија ОВА овошје за најздраво на светот!

Претрес во Стојаково, пронајдена дрога, кривична пријава и притвор за едно лице

Претрес во Стојаково, пронајдена дрога, кривична пријава и притвор за едно лице

Препорачани Вести

ТОА ШТО СДСМ И ДУИ НЕ ГЛАСАА ЗА ИНТЕРПЕЛАЦИИТЕ Е ДОКАЗ ЗА ТОА ЧИИ ИНСТАЛАЦИИ СЕ ПЕТМИНАТА ЧЛЕНОВИ НА РСС: Милошоски со став

11 months ago

Избувнал пожар во семејна куќа во Тетовско

3 weeks ago

Популарни Вести

  • На Шар Планина се случила лавина од ЧЕТВРТИ СТЕПЕН на опасност – до овој момент нема пријави за исчезнати лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Агресивно однесување при полициски претрес: Лишен од слобода 35-годишник од Тетовско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Меѓународните партнерства клучни за одржлива енергетска транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Уставни измени нема да има без гаранции за правата на Македонците во Бугарија и за ослободување од ново вето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ испраќа итна помош за Украина и Молдавија од 153 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.