Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Железници ја вратија во функција четвртата локомотива – стабилизиран товарниот сообраќај

by Уредник
06.08.2025
in Uncategorized

Железници Транспорт АД Скопје денеска официјално ја врати во функција четвртата електрична локомотива која беше надвор од употреба од 2023 година поради долготрајно неодржување од страна на претходното раководство. Станува збор за една од четирите локомотиви набавени во 2018 година, кои подолго време беа во нефункционална состојба.

Со последната сервисирана локомотива, вкупниот број на возни средства во функција се искачи на 13 – доволно, според компанијата, за покривање на потребите од внатрешниот и меѓународниот железнички сообраќај. Особено значајно е што сега целосно се задоволуваат потребите на товарниот (карго) железнички сообраќај, што не беше случај пред една година кога речиси и да немаше функционални локомотиви за оваа намена.

„Со оваа реконструкција и активирање на возниот парк се потврдува заложбата за стабилен и конкурентен железнички транспорт во земјава“, велат од Железници.

Официјални претставници нагласуваат дека инвестирањето во железничката инфраструктура и модернизацијата на возниот парк е еден од стратешките приоритети на Владата. Потврда за ова се и големите проекти како изградбата и модернизацијата на железничкиот Коридор 8, како и проектот за брза пруга.

Дополнително, годинава беше завршена и пуштена во употреба железничката делница Куманово – Бељаковце, на која веќе сообраќа патнички воз, што ја потврдува динамиката на реализирање на клучни инфраструктурни зафати.

Next Post

Затворен експресниот пат Прилеп–Градско, сообраќајот пренасочен преку автопатот Велес–Градско

Јапонија: Проектот „Изнајми баба“ носи топлина и смисла во животот на многумина

Препорачани Вести

Путин доби неочекуван гостин – еден од најмоќните луѓе во светот

Путин доби неочекуван гостин – еден од најмоќните луѓе во светот

10 months ago
Израелската армија контролира над 77 отсто од Појасот Газа

Израелската армија контролира над 77 отсто од Појасот Газа

8 months ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.