Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Шефицата на американската разузнавачка служба верува во вонземјани: „Јавноста ќе ја дознае вистината кога ќе биде безбедно“

by Уредник
07.08.2025
in Uncategorized
Шефицата на американската разузнавачка служба верува во вонземјани: „Јавноста ќе ја дознае вистината кога ќе биде безбедно“

Тулси Габард, директорка на Националната разузнавачка служба (DNI) и блиска соработничка на претседателот Доналд Трамп, јавно изјави дека лично верува во постоење на вонземски живот. Во интервју за подкастот „Pod Force One“ со новинарката Миранда Девајн, Габард истакна дека нејзиното убедување се темели на лични ставови и сознанија, но и на чувствителноста на функцијата што ја извршува.

„Имам пристап до обемна класифицирана документација. Заради природата на мојата улога, морам да бидам крајно внимателна со тоа што го обелоденувам,“ рече Габард, одговарајќи потврдно — со едноставно „да“ — на прашањето дали верува во постоење на вонземски интелигенции и неидентификувани воздушни феномени (UAP).

Темата за НЛО, денес формално наречени UAP, со години ја опкружуваат шпекулации и теории на заговор. Во последниот период неколку американски конгресни комисии отворија истраги за да утврдат колку навистина знае федералната влада за тие феномени. Лани, Пододборот за национална безбедност при Претставничкиот дом организираше серија јавно пренесувани сослушувања со барање за поголема транспарентност од Пентагон.

Габард потенцираше дека нејзиниот кабинет во моментот не располага со информации за UAP кои можат да бидат јавно објавени, но вети „целосна транспарентност“ веднаш штом условите го дозволат тоа. Таа раководи со координацијата на вкупно 18 американски разузнавачки агенции, чии архиви и извештаи сè повеќе се под лупа на јавноста, особено поради растечкиот интерес за прашањето за постоење живот надвор од Земјата.

Во разговорот, директорката на DNI се осврна и на случаите со мистериозни дронови кои минатата година беа забележани над Њу Џерси и други делови од земјата. „Постојат официјални објаснувања, но има и многу нејаснотии,“ рече таа, додавајќи дека истрагите продолжуваат.

Габард заклучи дека разузнавачката заедница останува посветена на потрагата по вистината за секој необјаснет објект во американскиот воздушен простор и увери дека јавноста ќе ја добие целосната слика — веднаш штом тоа не претставува безбедносен ризик.

Next Post
Италија започнува мегапроект: Ќе се гради најдолгиот висечки мост во светот, вреден 13,5 милијарди евра

Италија започнува мегапроект: Ќе се гради најдолгиот висечки мост во светот, вреден 13,5 милијарди евра

Технички дефект ја блокираше авио-компанијата United Airlines: Над 1.000 летови одложени во САД

Технички дефект ја блокираше авио-компанијата United Airlines: Над 1.000 летови одложени во САД

Препорачани Вести

Финансиски хороскоп за Мај: Четири знаци ги очекува богатство, еден од нив ќе добие големо наследство

Финансиски хороскоп за Мај: Четири знаци ги очекува богатство, еден од нив ќе добие големо наследство

9 months ago

Состојбата во Белград ескалира: Три лица повредени

10 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.