Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Три големи банки ги намалуваат банкарските провизии

by Уредник
07.08.2025
in Uncategorized

Три големи и една средна банка во земјава започнаа со намалување на банкарските надоместоци, информираше денеска гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Ова следува по апелот на централната банка до деловните банки да ги намалат трошоците за граѓаните и компаниите при користењето на платежните услуги.

Според Славески, дел од банките веќе почнале да нудат бесплатни трансакции преку електронско и мобилно банкарство – особено кога трансферот се одвива меѓу сметки во иста банка, услуга за која претходно се наплатуваа надоместоци. Некои банки ги намалиле и трошоците за подигнување готовина на шалтер, издавање потврди, преписи на документи и други услуги.

„Ова е позитивен чекор кон подобрување на пристапноста до банкарски услуги по разумни цени. Очекуваме и останатите банки да се приклучат на оваа иницијатива во текот на август“, изјави Славески.

Покрај ова, Народната банка најави и законска иницијатива за олеснување на пристапот до платежна сметка со основни функции. Во моментов, само 140 такви сметки се отворени во земјава, што според институцијата покажува дека целта на мерката не е постигната.

Меѓу предложените измени се:

овозможување на дозволено пречекорување на сметката, можност граѓаните да ја користат основната сметка без да ги затвораат останатите денарски сметки.

„Овие измени се насочени кон зголемување на инклузивноста во финансискиот систем. Многу граѓани се одвратени од отворање основна сметка поради строгите ограничувања“, додаде Славески.

Гувернерот изрази очекување дека и останатите помали банки ќе го следат примерот на големите и ќе започнат со намалување на банкарските провизии. Сепак, не посочи конкретни проценти за намалувањето, бидејќи секоја банка има сопствен тарифник и ги информира клиентите индивидуално.

Next Post
Газда на градежна фирма од Гостивар продал ист стан на двајца сограѓани

Физички напад и оштетување на возило во Тетовско – пријавен инцидент кај паркот покрај Вардар

Трамп ќе се сретне со Путин само под еден услов

Трамп ќе се сретне со Путин само под еден услов

Препорачани Вести

Додајте само еден зачин во лимонадата и ќе стане еликсир: жена откри трик што ѝ го промени телото за 10 дена

3 months ago

Меџити: Системот „One Stop Shop“ на Блаце го поедноставува граничниот премин и ја унапредува регионалната соработка

10 months ago

Популарни Вести

  • Мицкоски: Уставни измени нема да има без гаранции за правата на Македонците во Бугарија и за ослободување од ново вето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ испраќа итна помош за Украина и Молдавија од 153 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски со убави вести за македонските професионални возачи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полска масовно купува злато и покрај растот на цените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лукоил Македонија се продава на американската Карлајл Груп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.