Connect with us

Македонија

Важни информации за возачите во Македонија: Еве каква е состојбата на патиштата низ државава и каде се најголемите гужви

ВРЕМЕНА ИЗМЕНА НА СООБРАЌАЈ: Поради изведба на проектот „Изградба на патна делница Градско – клучка Дреново“, дел од Коридор 10д, ќе има временa изменa на режимот на сообраќај на Експресниот пат А1, делница Градско – Дреново. Измените ќе важат од 04.08.2025 до 16.09.2025 година, при што сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

ИЗМЕНА НА СООБРАЌАЕН РЕЖИМ: На 07.08.2025 год. од 06.30 часот на ГП Блаце поточно кај БП„Дизел“, ТОВАРНИОТ сообраќај е пренасочен.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Термините се следни:

петок од 17:00 – 22:00 часот,
сабота од 09:00 до 18:00 часот и
недела од 09:00 до 22:00 часот.
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје (со важност до 01 септември) се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:

петок од 15:00 – 22:00 часот,
сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
недела од 07:00 до 22:00 часот.
Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 17.04.2025 година е пуштен за сообраќај за возила до 3.5 тона.

РАБОТИ НА ПАТ:

Од ден 26.05.2025, се започнува со градежни активности – санација на мост на река Драгор на ул. “Довеџик” општина Битола, со што ќе има затворање на сообраќајот кај мостот на ул. “Довеџик” при што сообраќајот ќе се пренасочува по времен премин – девијација.

Патниот правец Р2337 Кичево – крак со с. Цер од ден 12.05.2025 ќе биде целосно затворен за сообраќај од 10.00ч. – 16.00ч. поради изведување на градежни работи на пат – (асфалтирање).

На ден 13.05.2025 се започнува со градежни активности – санација на мост на река Вардар на државен пат А2, делница Гостивар-Стража, односно ќе се воспостави времена измена на режимот на сообраќај.

Од 24.04.2025 г. има привремена промена во сообраќајот на делот од државнот пат А2 – делница Желино – Тетово, помеѓу бензинската станица Макпетрол и северниот влез на Тетово. На овој дел од патот се врши геодетско снимање и една сообраќајна лента ќе биде затворена во неколку фази. Работите ќе траат до нивно завршување.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар од 09.04.2025 година се врши реконструкција на дилатациони спојки на дел од автопатот Неготино-Велес (клучка Неготино), каде сообраќајот се одвива во една сообраќајна лента во правец од Неготино кон Велес во времетраење од 15 дена.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Овој времен режим е започнат од 03.04.2025 година и ќе трае до завршувањето на градежните активности.

На експресниот пат А1, делница Градско – Дреново, од 17.03.2025 г. до 04.04.2025 г., поради монтажа на дилатација на еластичната одбојна ограда на вијадукти и мостови, сообраќајот ќе биде пренасочен и регулиран на одредени делови од оваа делница.

“Доо Стентон Градба – Битола” известува дека согласно Одобрение за времена измена на режим на сообраќај, на магистрален пат А1 делница Фариш – Прилеп ќе врши санација на ударни дупки од 19.12.2024 г. до завршување на градежните работи.

На 08.10.2024 година поради изградба на патен коридор 10Д, делница Прилеп-Битола, извршено е пренасочување за секаков вид на сообраќај и тоа од клучка Тополчани по Р1101 до депонија Алинци. Временскиот режим ќе трае во временски период од една година.

Advertisement

Македонија

15 години борба против насилството врз жени: Хуманитарен настан во МКЦ

Денеска во Кино Фросина при МКЦ ќе се одржи посебен хуманитарен настан со кој ќе се одбележи 15-годишниот јубилеј на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. Настанот започнува во 18:30 часот, а собраните донации ќе бидат наменети за Интервентниот женски фонд, кој обезбедува директна помош на жени-жртви на насилство кои сакаат да ја напуштат опасната средина.

Националната мрежа, која денес брои 25 организации членки, 15 години активно работи на препознавање и заштита на жените од родово базирано насилство и семејни форми на злоупотреба, се залага против фемицид и силно застапува за правата и интересите на жртвите. Овој јубилеј е не само повод за прослава, туку и потсетник за важноста од поддршка и солидарност кон жените кои секојдневно се соочуваат со насилство.

Со купување на билет за настанот, можете да донирате средства за Интервентниот женски фонд: 15 години  – Од тишина во глас – Друга страна

Continue Reading

Македонија

Во Центар Жупа нема конкуренција: Кампањата за локални избори стартува во 4 општини

Градоначалничките избори во Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа ќе се повторуваат на 11 јануари 2026 година, откако на локалните избори во 2025 година во овие општини не беше остварен потребниот излез за гласање.

Според Роковникот за изборни дејствија, изборната кампања за првиот круг започна на полноќ на 22 декември и ќе трае до 9 јануари, кога официјално ќе започне молкот пред гласањето.

Во Гостивар конкуренција ќе водат Невзат Бејта, кандидат на коалицијата „Вреди“, и независниот Ваљбон Лимани, поддржан од НАИ. Во Врапчиште, за градоначалничкото место ќе се борат Исен Шабани од НАИ и Зуљхајрат Демири, кој се кандидира преку група избирачи.

Центар Жупа ќе има само еден кандидат – Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците, додека во Маврово и Ростуше ќе се сретнат Онер Јакупоски од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Анес Ахмети од СДСМ.

Причината за повтореното гласање е недоволната излезност на локалните избори на 19 октомври 2025 година. Според податоците од Државната изборна комисија, само во Гостивар се остварени 33,31% од гласачите, додека во Врапчиште излезноста беше 25,18%, во Маврово и Ростуше 30,31%, а во Центар Жупа едвај 21,49%. Законската граница од една третина од запишаните гласачи, која е потребна за изборите да бидат успешни, не беше достигната.

Со овие бројки, четирите општини повторно се соочуваат со неизвесност, а кампањата која започнува сега ќе биде клучна за мотивирање на гласачите да се појават на биралиштата.

Continue Reading

Македонија

Снежна покривка до 10 см и поројни врнежи дожд во Македонија

Под влијание на влажни воздушни бранови, од утре навечер и во текот на 24 и 25 декември 2025 година, Македонија ќе биде погодена со повремени локални врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат пообилни и над 25 литри на квадратен метар за 24 часа.

На планинските предели врнежите ќе бидат од снег, со формирање на снежна покривка од 5 до 10 сантиметри. Со спуштањето на постуден воздух од север, снег ќе се појави и на повисоките места во низинските региони. Од петок се очекува стабилизирање на времето.

Во Скопје, утре навечер и во следните два дена се предвидуваат повремени врнежи од дожд, кои на моменти ќе бидат пообилни. Граѓаните се советуваат да бидат внимателни на патиштата и да ги следат официјалните предупредувања за времето.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг