Connect with us

Македонија

ВЛЕН со прашање до Османи: Каде се 120 милиони денари за самитот на ОБСЕ?

ВЛЕН тврди дека Бујар Османи е дел од милионски финансиски скандал поврзан со организацијата на ОБСЕ самитот, барајќи итна реакција од институциите.

Скандалот со исчезнатите документи за тоа како се потрошени 120 милиони денари при организацијата на минатогодишниот самит на ОБСЕ ја потресе јавноста и повторно го стави под лупа работењето на Министерството за надворешни работи и министерот Бујар Османи.

Според ВЛЕН, целата афера е јасен доказ за „нечесност и незаконито работење“ во институцијата која треба да биде симбол на транспарентност и отчетност.

„Наместо вистински резултати, единствената ‘победа’ на Османи беше да го прими рускиот министер Сергеј Лавров во Скопје, потег кој предизвика негативни реакции и сомнежи во надворешнополитичката ориентација на Османи и партијата ДУИ“, се вели во реакцијата.

Оттаму додаваат дека граѓаните треба да ги знаат некои работи, па поради тоа упатија неколку прашања до Османи и го повикаа да даде одговори.

„Зошто нема документи, фактури или извештаи за потрошените 120 милиони денари? Кој ги одобрил овие трошења и со каква цел? Кој ги скрил документите? Дали истите тие средства завршиле во џебовите на фирми блиски до ДУИ?“, прашуваат од ВЛЕН

Партијата потсетува дека Државниот завод за ревизија (ДЗР) е првата институција што треба да алармира за незаконско трошење на народните пари, и дека тоа веќе е направено во случајот со Бујар Османи.

„Во последните два дена гледаме дека Османи е вклучен во сите клучни договори и бизниси на ДУИ, како и во средби со српски функционери, токму во моменти кога на македонскиот пазар влегуваат компании, казина и телекомуникациски оператори со контроверзно потекло“, велат од ВЛЕН.

Според нив, токму ова е причината зошто Османи нема кредибилитет да зборува за странско влијание или за заштита на националните интереси.

„Во неговиот мандат се отворија вратите за сомнителни бизнис-дилови и дипломатски скандали кои ја рушат репутацијата на Македонија. Граѓаните заслужуваат одговори, а институциите мора да покренат постапки“, додаваат од ВЛЕН.

Advertisement

Македонија

По заминувањето на Коцевски, Советот на јавни обвинители ќе постави вршител на должност

Советот на јавни обвинители на седницата закажана во 11 часот денес, треба да именува вршител на должноста државен јавен обвинител, откако актуелниот обвинител Љупчо Коцевски пред два дена поднесе неотповиклива оставка. Назначувањето ќе се врши согласно член 25, став 3 од Законот за јавно обвинителство.

Оставката на Коцевски беше соопштена на прес-конференција, непосредно пред почетокот на собраниската седница на која, по предлог на Владата, требаше да се отвори расправа за негово разрешување. Со тој потег, тој практично ја пресече постапката што ја иницираше извршната власт.

Коцевски оцени дека станува збор за опасен преседан со долгорочни последици врз институционалниот поредок и уште еднаш потенцираше дека обидот за негово разрешување е мотивиран исклучиво од политички причини.

„Од самиот почеток тврдев дека евентуалната постапка за мое разрешување е политичка одлука. Токму затоа денеска поднесов неотповиклива оставка“, изјави Коцевски на прес-конференцијата.

Од друга страна, Владата го оправда предлогот за негово разрешување со наводи дека Коцевски направил сериозни професионални пропусти и дека со своето работење го нарушил угледот на Јавното обвинителство.

Continue Reading

Македонија

Лидерот на СДСМ во Битола си поднесе оставка

 Претседателсот на Општинската организација на СДСМ во Битола, Методија Куновски, поднесе оставка само еден ден по изборот на Драган Крајовски во Извршниот одбор на партијата, како дел од новиот тим на лидерот Венко Филипче. Оваа изненадувачка одлука го отвора прашањето за внатрепартиските промени и новите динамики во битолската организација.

Куновски, кој ја презеде функцијата на чело на битолската организација во ноември минатата година, објави дека оставката ја доставил лично до претседателот Филипче. На последните локални избори во Битола, тој беше кандидат за градоначалник, предизвик кој, според него, никој друг не сакаше да го прифати поради извесната загуба на СДСМ.

„Одлуката ја донесов по темелна и одговорна лична и политичка проценка. Како претседател се соочував со сериозна дилема помеѓу обврската кон организацијата и впечатокот дека принципите што ги застапуваме јавно сè потешко се применуваат во пракса. Социјалдемократијата во која верувам не е декларација, туку вредносен систем што мора да се живее секојдневно – низ транспарентност, вклученост и политичка одговорност“, напиша Куновски на Фејсбук.

Поранешниот новинар, а денес вработен во прес-службата на РЕК „Битола“, потенцира дека функцијата ја прифатил со искрена намера да ја зајакне организацијата, да ја отвори кон членството и да ја врати довербата кај граѓаните. Но, како што истакнува, во изминатиот период сè појасно се појавиле практики кои не се во согласност ниту со неговите лични принципи, ниту со вредностите на социјалдемократијата.

„Не можам и не сакам да носам функција без суштинска можност за влијание, ниту да бидам формално присутен во процеси со кои суштински не се согласувам. Политичката и моралната одговорност налагаат јасен став и чесен чекор кон членството и граѓаните на Битола“, додава Куновски, благодарејќи им на членовите за поддршката.

Оставката на Куновски следува по одлуката на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, да го врати Драган Крајовски во Извршниот одбор. Крајовски, кој претходно беше претседател на битолската општинска организација, го заменува Методија Илиевски, разрешен потпретседател и член на ИО.

Крајовски има богата партиска биографија – по професија е правник и адвокат, поранешен директор на затворот „Црн Мост“ во Битола, лидер на младината на СДСМ во градот и член на Централниот одбор на партијата. Битолчани го гледаат како „големо враќање“ во партијата, а тој важеше и за близок соработник на поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски.

Со оваа динамична промена на лидерската позиција, СДСМ во Битола влегува во нова етапа, а политичките движења во градот ветуваат уште повеќе интересни пресврти.

Continue Reading

Македонија

Стабилно време со магла до понеделник, дожд од вторник

До понеделник се очекува стабилно и претежно тивко време низ земјава, со појава на магла во утринските часови и зголемена облачност на некои места.

Утре, 18 декември, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека претпладне на одредени места ќе се појави магла. Ветарот ќе биде слаб и променлив.

Во Скопје се очекува слично време, со претежно тивко време и појава на магла во котлинските делови претпладне.

Стабилното време ќе се задржи до понеделник, а од вторник се најавуваат локални врнежи од дожд.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг