Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Полицијата изминатиот викенд напишала 1172 казни – еве за што најмногу се казнувало

by Уредник
11.08.2025
in Uncategorized
Полицијата изминатиот викенд напишала 1172 казни – еве за што најмногу се казнувало

Изминатиот викенд 1172 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 459 за брзо возење

Во деновите од изминатиот викенд (09./10.08.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1172 издадени платни налози дури 113 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола.

Истовремено 80 возачи возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 48 возачи на мотоцикли се санкционирани заради неносење на заштитен шлем.

Инаку согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата најмногу прекршоци во текот на викендот 459 се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 192 за недозволено паркирање, додека пак прекршочно се санкционирани уште 38 лица кои некористеле сигурносен појас, 28 заради користење мобилен телефон при возење, четворица минале на црвено светло, а пет возачи се санкционирани поради не исполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата.

Исто така, а согласно Законот за возила, 29 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Next Post
Територијата на Македонија останува под влијание на топлиот бран од Африка!

Територијата на Македонија останува под влијание на топлиот бран од Африка!

Иран со јасна порака: Ограничувања на нуклеарната програма во замена за укинување на санкциите

Иран со јасна порака: Ограничувања на нуклеарната програма во замена за укинување на санкциите

Препорачани Вести

Приведен возач од гостиварско, управувал возило со брзина поголема од дозволената

Приведен возач од гостиварско, управувал возило со брзина поголема од дозволената

5 months ago

Ново поглавје за Пробиштип – Тоневски најави изградба на градски базен (ВИДЕО)

4 months ago

Популарни Вести

  • Апсење на граничниот премин Табановце – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дивоградба на државно земјиште без одобрение – Полицијата интервенирала

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор Муцунски–Кос: Решенија за транспортните оператори и напредок во евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Шар Планина се случила лавина од ЧЕТВРТИ СТЕПЕН на опасност – до овој момент нема пријави за исчезнати лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Агресивно однесување при полициски претрес: Лишен од слобода 35-годишник од Тетовско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.