Connect with us

Република

Лишено од слобода лице за обид за убиство во Виница

Полициски службеници од СВР Штип/ОВР Виница по претходно обезбедени оперативни сознанија, вчера вечер (11.08.2025) во 21:15 часот во Кочани го лишија од слобода Н.В. (32) од Виница, поради основано сомнение за сторено кривично дело „Убиство во обид“ на 07.08.2025 пред угостителски објект во Виница.

Имено, Н.В. по претходна вербална расправија со нож му нанел четири убодни рани на Д.С. од Виница, по што се дал во бегство.

Известен е надлежен ЈО и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Advertisement

Република

Утре дел од Тетово и три тетовски села без електрична енергија

Поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, утре (16 декември 2025 година) без електрична енергија ќе останат делови од Тетово и три тетовски села.

Во периодот од 09:00 до 14:30 часот струја ќе немаат делови од селата Долно Палчиште и Мала Речица, додека во селото Камењане прекинот ќе трае од 09:00 до 14:00 часот.

Во град Тетово, планиран прекин на електричната енергија ќе има од 12:30 до 14:30 часот, и тоа кај објектите што се наоѓаат во близина на Стариот технички факултет.

Од надлежните информираат дека прекините се поради редовно одржување на мрежата и апелираат на разбирање од граѓаните.

Continue Reading

Република

Проданоски: Празнична бајка на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“

На плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ во Прилеп денеска се одржа германски Божиќен базар, кој во празнична атмосфера обедини ученици, наставници, граѓани и гости од повеќе општини низ државата. Настанот беше исполнет со божиќни колачиња и переци, рачно изработени празнични украси, песни на германски јазик и креативни изведби на младите учесници.

Германскиот Божиќен базар беше организиран од Здружението на наставници по германски јазик, со поддршка од Гете-институтот од Скопје, Амбасадата на Сојузна Република Германија во Македонија и Општина Прилеп. Голем интерес предизвика активното учество на ученици од основните и средните училишта во Прилеп, кои преку својата креативност придонесоа за автентична празнична атмосфера.

На настанот присуствуваше и амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер, што, според Проданоски, претставува значајна поддршка и потврда за важноста на ваквите културно-образовни иницијативи.

Проданоски истакна дека ваквите настани им овозможуваат на младите да се запознаат со други култури и традиции, да развиваат почит, толеранција и отвореност кон различностите – вредности кои се основа на современо и европско општество. Тој нагласи дека Прилеп уште еднаш се покажа како град кој ги негува културните настани, ги поддржува младите и живее со празничниот дух.

Упатени беа честитки до организаторите и благодарност до сите деца и млади учесници, кои со својот труд и ентузијазам го направија настанот посебен.

Continue Reading

Република

Инвестиција на Министерството за спорт – Тетово доби современо уреден простор за спорт и рекреација

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, денеска официјално го пуштија во употреба реконструираниот спортски центар „Блок 70“, кој претставува современо уреден простор наменет за спорт, рекреација и унапредување на здравите животни навики.

Со оваа инвестиција, локалното население, а особено младата популација, добива комплетно уреден спортски комплекс кој опфаќа детско игралиште, фудбалско игралиште, кошаркарско игралиште со полипропиленски под, како и фитнес зона опремена со современи реквизити.

Реконструкцијата на спортскиот центар „Блок 70“ е уште еден успешно реализиран проект на Министерството за спорт, во рамки на програмата за изградба и обнова на спортската инфраструктура низ целата држава, со цел создавање квалитетни и достапни услови за спорт и рекреација за сите граѓани.

Министерството за спорт и понатаму останува посветено на вложувања во спортската инфраструктура во сите општини во државата, со јасна заложба спортот да биде достапен за сите, во секој град и во секоја населба.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг