Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Албанија се бори со катастрофални пожари: Пеплосани шест села кај Грамш, евакуација во Делвина

by Уредник
13.08.2025
in Uncategorized

АЛБАНИЈА – Ситуацијата со пожарите во Албанија останува критична, откако шест села во подрачјето на Грамш се целосно уништени од огнената стихија, едно е зафатено од пламените јазици, а уште едно е во непосредна опасност. Во овие области моментално дејствуваат пет хеликоптери – три во Грамш и два во Делвина – додека стотици пожарникари, војници и доброволци работат без престан за да спречат ширење на пожарите кон станбените зони и националните паркови.

Голем пожар од синоќа беснее и во општина Булќиза, на албанско-македонската граница кај Дебар. Според Националната агенција за цивилна заштита, во акциите низ целата земја се вклучени околу 10 илјади припадници на противпожарните служби, полицијата, армијата и волонтери.

Особено тешка ноќ поминале жителите на Делвина, каде пламените јазици се приближиле опасно близу до градот и болницата. Поради ризикот, пациентите биле евакуирани и сместени во локалниот кино-театар, а боците со кислород биле дислоцирани. Од загрозените делови биле извлечени жените, децата и старите лица, додека мажите останале да помагаат во гаснењето.

Десет лица, меѓу кои и четворица војници, побарале медицинска помош поради задушување од чадот. Локалните власти и мештаните ја продолжуваат борбата за локализирање на пожарите, додека надлежните предупредуваат дека опасноста сè уште не е помината.

Next Post

Ѓорѓиевски на средба со Костовски: Заедничка визија за модерно и привлечно Скопје

Драма во Пробиштип: Полицаец нападнат со нож, уапсено едно лице

Уапсен 19-годишен стружанец за "рекет" на 20.000 евра од охриѓанец

Препорачани Вести

Паника во Москва: Трамп одобри удар врз Русија?

Паника во Москва: Трамп одобри удар врз Русија?

4 months ago

Најсмртоносната украинска единица ги разнесе руските позиции: „Нема граници каде не можеме да делуваме“

6 months ago

Популарни Вести

  • fondacija frosina kulakova

    Донаторска уметничка вечер го најавува почетокот на фондацијата „Фросина Кулакова“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нестабилно облачно време, локален дожд и снег на повисоките предели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја денес делови од Кисела Вода и Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на водоснабдувањето во Маџир Маало од 9:30 часот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.