Saturday, January 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Поднесена кривична пријава против четири лица за престрелката во Тетово, одреден 30-дневен притвор, по две лица се трага

by Уредник
13.08.2025
in Uncategorized
Поднесена кривична пријава против четири лица за престрелката во Тетово, одреден 30-дневен притвор, по две лица се трага

СВР Тетово и Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал до Основното јавно обвинителство Тетово поднесоа кривична пријава против четири лица во врска со вооружената престрелка и убиството што се случи на 10.08.2025 во Тетово. Против Р.Т. (37) од Тетово, кој беше повреден во престрелката и сместен во медицинска установа во Скопје за укажување на помош, и против 15-годишник од с. Гајре, тетовско, кој беше лишен од слобода на 11.08.2025 во с.Гајре, поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „убиство“ по член 123 став 2 точка 3, потоа кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ по член 396 и кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 став 1 во врска со член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Против М.Т.(45) од Тетово и З.М. (37) од с. Гајре поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „убиство“ (во обид) по член 123 став 1 во врска со член 19, потоа кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ по член 396 и кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ од член 292 став 1 во врска со член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 10.08.2025 на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, Р.Т. и 15-годишникот со употреба на автоматски пушки лишиле од живот едно лице, а го довеле во опасност и животот и телото на други лица, вклучувајќи и еден од останатите осомничени. Со автоматските пушки тие испукале повеќе куршуми кон автомобил „голф“, со кои го погодиле сега покојниот, кој бил на возачкото седиште. Два проектили завршиле во градниот кош на совозачот кој здобил тешки телесни повреди со конкретна опасност по животот. Еден проектил завршил во десната натколеница на дете родено 2012 година, кое се затекнало во непосредна близина.

Иако бил ранет од престрелката, З.М. и уште едно лице извадиле пиштоли и почнале истовремено да пукаат кон возилото кое се оддалечувало и притоа погодиле друго лице кое се здобило со тешки телесни повреди, а куршуми завршиле и во возило на жена чија сигурност исто така била загрозена. За сите осомничени од страна на надлежен судија е одредена мерка притвор од 30 дена. М.Т. и З.М. се во бегство и се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и лишување од слобода.

Next Post

Загубите на ЈКП „Никола Карев“ – Пробиштип се удвоија: локалната власт под критика за неодговорно управување

Осум пожари на територија на Република Македонија, четири од нив се уште активни

На територија на Република Македонија регистрирани седум пожари на отворен простор, три се уште активни

Препорачани Вести

Маск под удар: ЕУ ја казни „X“, конфликтот се прошири на меѓународна сцена

2 months ago

Крај на оставените пешкири на плажа преку ноќ во Грција

6 months ago

Популарни Вести

  • Запалени шишиња фрлени кон куќа во Скопје, спречена поголема трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Жителите на Киев објавуваат фотографии од замрзнати станови и импровизирани начини за греење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Американски воени авиони забележани во близина на иранскиот воздушен простор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САД со јасна порака до Иран пред заедничката воена вежба со Русија и Кина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Седум лица повредени во тешка сообраќајка, меѓу нив и 6 годишно дете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.