Connect with us

Црна Хроника

Уапсен 19-годишен стружанец за “рекет” на 20.000 евра од охриѓанец

Полицијата уапси 19-годишен жител на Струга, осомничен за изнуда на 20.000 евра од охриѓанец. СВР Охрид поднесе кривична пријава против Л.П. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“ по член 258 од Кривичниот законик.

Според истрагата, во периодот од 4 до 12 август 2025 година, осомничениот преку мобилна апликација испраќал пораки со закани до оштетениот, барајќи му 20.000 евра. По преземени посебни истражни мерки од СВР Охрид и Одделот за криминалистичка полиција, на Л.П. му биле предадени обележани пари, кои биле пронајдени кај него при апсењето.

Осомничениот е приведен и со судска одлука му е одреден притвор, по што е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Охрид.

Advertisement

Црна Хроника

Драма на автопатот Тетово – Гостивар: Ги пресретнале со ротација им го пресекле патот, па ги истепале

Ноќеска во 02:00 часот во СВР Тетово од слобода се лишени Б.Ш.(24) И.И.(28), А.И.(27) и Ф.И.(24) сите од с.Боговиње, тетовско.

По претходна пријава во СВР Тетово дека околу 01.00 часот на автопат Гостивар – Тетово во близина на клучка Камењане, додека А.А.(28) од с.Пирок се движел со патничко возило ,,бмв” со швајцарски национални ознаки во кое како совозач бил Р.Ј.(28) од с. Пирок, тетовско позади нив се движело патничко возило ,,пасат” со тетовски регистерски ознаки управувано од И.И. од с. Боговиње, кој им пуштил светлосни ротации а потоа ги престигнал и им го пресекле патот.

Од возилото излегле приведените лица кои физички ги нападнале А.А. и Р.Ј.. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Извор: 4news.mk

Continue Reading

Црна Хроника

Хорор на патот Охрид–Струга: Возач двапати тргнал кон полицајци и успеал да избега

Двајца млади лица од Охрид се лишени од слобода по сериозен безбедносен инцидент што се случил на регионалниот пат Охрид–Струга, кога возач на патничко возило се обидел да избега од полициска контрола и двапати со автомобил се упатил директно кон полициски службеници.

Инцидентот се случил вчера околу 16 часот, кога припадници на криминалистичката полиција при СВР Охрид запреле патничко возило „поло“ со охридски регистарски таблички. Возилото го управувал Е.О. од Охрид, а во него се превезувале сопатниците А.А. (20) и Ј.Ј. (24).

Наместо да постапи по наредбата за запирање, возачот нагло ја зголемил брзината и го насочил возилото кон полициските службеници, по што избегал од местото на настанот. По преземени оперативни мерки, полициските екипи ги пронашле и привеле двајцата сопатници во селото Требеништа, во општина Дебрца.

Подоцна, на истата локација пристигнал и возачот Е.О., овојпат управувајќи возило „фолксваген туран“. Според полицијата, и во овој обид тој со голема брзина тргнал кон полициските службеници и повторно избегал.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат интензивни мерки за негово пронаоѓање, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени кривични пријави за кривични дела по членовите 215 и 383 од Кривичниот законик.

Continue Reading

Црна Хроника

Кривични пријави против полицајци од Штип – МВР со детали

Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава до надлежното јавно обвинителство против Е.П., адвокат од Штип, како и против Д.Д., И.А., Г.Т. и Х.С., полициски службеници од Штип и Кочани, поради основано сомнение за кривичното дело „попречување на правдата“.

Според соопштението во полицискиот билтен, пријавените во текот на септември 2025 година преземале дејствија со кои било отежнато и спречено прибирањето докази во рамки на кривична постапка.

Од МВР информираат дека покрај кривичната пријава, против полициските службеници ќе биде поведена и дисциплинска постапка.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг