Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Загубите на ЈКП „Никола Карев“ – Пробиштип се удвоија: локалната власт под критика за неодговорно управување

by
2025/08/13 11:29:18
in Uncategorized

Пробиштип, август 2025 – Јавното комунално претпријатие „Никола Карев“ од Пробиштип ја заврши 2024 година со загуба од 6.774.000 денари, што претставува речиси двојно зголемување во однос на 2023 година, кога минусот изнесувал 3.305.000 денари. Податоците се преземени од официјалните финансиски извештаи објавени на порталот CompanyWall, кој ја следи јавната финансиска документација на сите фирми и институции во земјава.
Иако приходите на претпријатието бележат постепен раст – од 82,2 милиони денари во 2022 на 96,1 милион во 2024 – сепак тој е недоволен да ги покрие уште побрзо растечките расходи, кои достигнаа 102,9 милиони денари во 2024 година. Разликата меѓу приходите и расходите ја продуцира загубата, што ја отвора дилемата: дали Пробиштип влегува во сериозна финансиска криза во делот на комуналните услуги?

Недоволна транспарентност и одговорност

Локалната самоуправа, предводена од градоначалникот Драган Анастасов, и раководството на ЈКП „Никола Карев“ досега не понудија јавно објаснување за причините за растот на загубите. Недостатокот на транспарентност за финансиското работење на претпријатието и отсуството на чувството за одговорност да ја објаснат состојбата во претпријатието, наметнуваат потреба да се направи увид колку одговорно се управува со јавните средства.
Врз основа на официјалните бројки, повеќе прашања остануваат неодговорени: Зошто расходите растат побрзо од приходите, иако нема значителни инфраструктурни или капитални проекти објавени за 2024 година? Дали се спроведуваат доволно ефикасни мерки за наплата на долговите од граѓаните и компаниите? Зошто јавноста не е информирана за конкретни планови за стабилизирање на финансиската состојба на претпријатието?

Потреба од итни мерки

Побарувањата од граѓани и компании бележат пад од 46,1 милион денари во 2022 на 43,8 милиони во 2024 – што може да е последица на проблеми со наплатата на услугите. Коефициентот на тековна ликвидност, кој ја мери способноста на претпријатието да ги покрива своите краткорочни обврски, исто така се намалува од 2,55 на 1,78 за истиот период, што е предупредувачки сигнал за финансиска ранливост.
Анализата на финансиските параметри покажува дека доколку не се преземат итни и структурни реформи, комуналното претпријатие ќе се соочи со уште поголеми проблеми, како намалена способност за одржување и развој на инфраструктурата (водовод, канализација, јавна чистота), како и потенцијално зголемување на цените на услугите за граѓаните.
Во услови на постојан раст на загубите, јавноста со право очекува градоначалникот Анастасов, поранешниот в.д. директорот Ненад Павиќевиќ и актуелниот Драган Ристовски да понудат детален извештај – не само за тоа што довело до ваквата состојба, туку и за тоа кои конкретни чекори ќе се преземат. Комуналните претпријатија се основа на функционирањето на градот и нивната ефикасност директно влијае врз секојдневниот живот на граѓаните.

Next Post
Осум пожари на територија на Република Македонија, четири од нив се уште активни

На територија на Република Македонија регистрирани седум пожари на отворен простор, три се уште активни

Божиновска: Министерството за енергетика ги исплати субвенциите за најранливите семејства

Препорачани Вести

Меџити го прими во посета претседателот на Собранието Африм Гаши

1 month ago

Меџити најавува нови проекти со Македонско-турската стопанската комора

1 month ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.