Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Подгответе се за пеколни температури, но и невреме и пороен дожд: Еве какво време ја очекува Македонија

by Уредник
14.08.2025
in Uncategorized
Подгответе се за пеколни температури, но и невреме и пороен дожд: Еве какво време ја очекува Македонија

Во остатокот од оваа недела во нашата Македонија ќе имаме многу топло време, тоа значи дека остануваме под влијание на многу топлата воздушна маса од југ, односно од Африка. Времето ќе биде сончево со умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од источен и од североисточен правец.

Сепак поради продор на малку поладен воздух од север на висина, во нашата Република Македонија ќе имаме делумно дестабилизирање на атмосферата и попладневен развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, претежно во планинските предели каде е можна и појава на краткотрајно невреме.

Во понеделник пак (18 август) во попладневните часови на повеќе места во нашата Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме со силен ветер и со појава на град. Во Скопје и околината исто така во понеделник попладне (18 август) ќе биде нестабилно и во делови од котлината ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на краткотрајно невреме со силен ветер и со појава на град.

Температурите како што кажав остануваат многу високи и насекаде ќе надминуваат 30 степени, а на повеќе места тие ќе се искачат и до околу 35 степени, во Повардарието пак температурите локално ќе се искачат до околу 40 степени. И во Скопје и околината температурата исто така ќе надминува 35 степени.

Поради топлиот бран од Африка и многу високите температури на воздухот апелирам граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) како и да пијат повеќе течности.

МетеоАларм – Славчо Попоски 

Next Post
Дневен хороскоп за среда – 7 мај: Оваа среда ќе биде среќна за овие хороскопски знаци

Дневен хоросокоп за четврток - 14 август: На деловен план, работите ќе се средат за еден хороскопски знак!

Осум пожари на територија на Република Македонија, четири од нив се уште активни

Денес регистрирани 25 пожари низ државата – два сè уште активни

Препорачани Вести

gordana kocoska

Димитриеска Кочоска: 600 милиони денари дополнителни средства за општински инвестиции во 2025

7 months ago

Вреди: ДУИ 20 години го распаѓаше системот, Меџити: Ситуацијата со пожарите е под контрола

5 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.