Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Вреди: ДУИ две децении го користеше Охридскиот договор за лични интереси, ние ќе го спроведеме целосно

by Уредник
14.08.2025
in Uncategorized

Поминаа 24 години од потпишувањето на Охридскиот договор, најважниот документ за рамноправност на Албанците во Македонија, но сенката од неговата нецелосна имплементација продолжува да ги оптоварува државните институции, соопшти коалицијата Вреди.

„Сите го знаеме главниот виновник: ДУИ, партијата нон-грата, која беше на власт 22 години по ред и која наместо да го претвори Договорот во реалност, го користеше како изборен банер и банкомат за лично богатење. Фактите зборуваат сами за себе: Во 2013 година, тогашниот Секретаријат за спроведување на Охридскиот договор објавил тендер од 6 милиони денари за анализа на спроведувањето на рамковниот договор. Победник, според информациите, беше компанијата „ТАГ Комуникации“, во сопственост на лице блиско со ДУИ, по својата позиција во државните структури контролирани од оваа партија!“, се вели во соопштението на Вреди.

Парите на граѓаните, се додава, се трошеа на „анализи“, „конференции“ и „трибини“, додека од друга страна создаваа илузија за напредок.

„Скапо платените анализи препорачуваа мерки што ДУИ никогаш не ги спроведе: законски обврски за правична застапеност во државните компании, справување со говорот на омраза во Кривичниот законик, децентрализација со конкретен буџет и решавање на статусот на жртвите од 2001 година. Ништо од ова не стана реалност, затоа што за ДУИ Охридскиот договор не беше алатка за еднаквост, туку алатка за тендери, богатење и за криење зад измислени анализи, секогаш кога нивните неуспеси стануваа очигледни. Вреди ги повикува граѓаните да не стануваат жртви на пропагандата на партија која две децении го користеше аманетот од 2001 година за тесни лични интереси“, соопшти владејачката коалиција.

Решени сме, се додава, целосно да го спроведеме Охридскиот договор, не на хартија, не на празни конференции, туку во секојдневниот живот на секој граѓанин Албанец.

„Најјасен доказ за ова е историското усвојување на Законот за правична и соодветна застапеност, голема политичка победа, епохална пресвртница во институционалната еднаквост, правна гаранција што става крај на 20-годишната неправда. Овој закон не е само член во службен тефтер, тој е печат на нова ера за Албанците, тоа е сигурност дека нашиот глас никогаш повеќе нема да биде игнориран во нашата земја“, соопшти коалицијата Вреди.

Next Post

Ролеркостер излета од шините во Британија, повредени 13 деца и еден возрасен

Подгответе се за пеколни температури, но и невреме и пороен дожд: Еве какво време ја очекува Македонија

Подгответе се за пеколни температури, но и невреме и пороен дожд: Еве какво време ја очекува Македонија

Препорачани Вести

Поранешниот заменик министер за одбрана на Русија осуден на 13 години затвор поради корупција

Поранешниот заменик министер за одбрана на Русија осуден на 13 години затвор поради корупција

7 months ago

Убиство во Скопска чаршија: 22-годишен турски државјанин загина, еден напаѓач во бегство

2 weeks ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.