Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Жестоки судири низ Србија, десетици повредени

by Уредник
14.08.2025
in Uncategorized

Десетици граѓани и полицајци се повредени во масовни пресметки помеѓу демонстранти и приврзаници на власта во Нови Сад, Белград и уште десетина градови низ Србија.

Најтешкиот инцидент се случил во Нови Сад, каде што група „блокадери“ го опколила штабот на владејачката Српска напредна странка (СНС). Маскирани хулигани врз нив фрлале факели и петарди, по што избил општ хаос. Штабот бил целосно уништен. Според претседателот Александар Вучиќ, повредени се 16 полицајци и 60 граѓани. „Тие буквално пливаа во крв“, изјави Вучиќ.

Во Белград полицијата и жандармеријата употребиле солзавец за да ги спречат демонстрантите кои се упатиле кон кампот на лојалистите на Вучиќ. Демонстрации имало и во Краљево, каде полицијата спречила директни судири на двете групи, како и во Ниш, Чачак и Крагуевац, без пријавени повредени.

Опозицијата ги осуди насилствата и ја обвини полицијата дека била пасивна кон маскираните групи што ги напаѓале и провоцирале демонстрантите. Од СНС возвратија дека протестите се обид на опозицијата и „странски центри на моќ“ да ја дестабилизираат државата. Вучиќ истакна дека нема да ја ангажира војската и отфрли можност за граѓанска војна.

Next Post

Вреди: ДУИ две децении го користеше Охридскиот договор за лични интереси, ние ќе го спроведеме целосно

Ролеркостер излета од шините во Британија, повредени 13 деца и еден возрасен

Препорачани Вести

pari

Општина Кисела Вода: 12.000 денари за секое новороденче

1 year ago

Констатирана оставката на Таравари, но поголемиот дел од функционерите на Алијансата остануваат во власта

8 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.