Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Алармантна е состојбата во Србија – Вучиќ го свика Советот за безбедност

by Уредник
19.08.2025
in Uncategorized

Белград, 19 август 2025 – Тензичната состојба во Србија не стивнува, шеста вечер по ред граѓаните протестираат против полициската бруталност и владејачките политики. Немирите кулминираа во Белград, каде што беа провалени канцелариите на Српската напредна партија, а полицијата реагираше со солзавец и апсења.

По инцидентите, денеска во Палата Србија се одржа седница на Советот за национална безбедност, на која присуствуваше државниот врв и претставници на МВР и вооружените сили. На дневен ред биле безбедносната состојба, протестите, како и прашања за Косово и Метохија, Босна и Херцеговина и Република Српска.

Претседателот Александар Вучиќ ги оцени протестите како насилни и порача дека нема да дозволи државата да биде загрозена од „внатрешни и надворешни непријатели“. Тој најави засилени мерки за спречување на немирите.

Според српското МВР, во Белград се уапсени 16 студенти кои, според пријавите, кршеле прозорци, палеле контејнери и фрлале камења кон полицијата.

Меѓународната заедница изразува сериозна загриженост. „Ле Монд“ ја спореди кризата со протестите во Киев од 2013–2014 година, предупредувајќи дека насилните апсења и демолирањето на партиски канцеларии се сценарио што никој не го посакува. Германските медиуми пак сметаат дека ситуацијата е обид за замолчување на правото на протест.

Демонстрантите најавија дека нема да се откажат од своите барања, а студентскиот пленум започна иницијатива за собирање потписи за распишување предвремени избори.

Next Post

Уапсен еден од лидерите на протестите во Србија

Лудило или реалност? - Рама најави министри од вештачка интелигенција

Препорачани Вести

Тоневски најавува нов пат кон Пониква за побрз пристап и развој на туризмот

3 months ago
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

2 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.