Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Израел масовно се мобилизира – дали се подготвува окупација на Газа?

by Уредник
20.08.2025
in Uncategorized

Непрестајното крвопролевање на Блискиот Исток продолжува, и покрај глобалните повици за прекин на насилството и геноцидот врз палестинското население во Појасот Газа.

Нов бран на ескалација е на повидок откако израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, го одобри оперативниот план „Кочиите на Гидеон II“ на Армијата на Израел, со цел окупација на територии под палестинска контрола. Израел нареди мобилизирање на околу 60.000 резервисти, додека постојните трупни распоредувања ќе бидат продолжени низ целата територија.

Генералштабот веќе подготви план за евакуација на цивилното население од јужните делови на Газа за да ги изолира од борците на Хамас пред започнување на урбаните воени дејства.

Меѓународната заедница остро ја осуди евентуалната инвазија. Советот за безбедност на Обединетите нации и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, упатија повик за итен прекин на огнот.

„Оваа одлука претставува опасна ескалација и го зголемува ризикот од дополнително продлабочување на веќе катастрофалните последици за милиони Палестинци и израелски заробеници во Газа,“ изјави Гутереш.

Рамеш Раџасингам, директор на Канцеларијата за хуманитарни прашања при ОН, предупреди дека инвазијата ќе ја влоши веќе тешката хуманитарна состојба. „Хуманитарните услови се повеќе од ужасни. Ова веќе не е предупредување за глад – ова е активно гладување и измачување на цела популација,“ истакна Раџасингам.

Жителите на Газа се соочуваат со сериозен недостиг од храна, вода и медицинска помош. Еден од нив сведочи: „Немаме повеќе сила да го преживееме следниот ден. Сè е уништено – нема вода, нема храна, а домот е само далечна мисла.“

Во меѓувреме, сè повеќе европски држави одлучуваат да ја прекинат испораката на оружје кон Израел, повикувајќи се на прекршувања на меѓународното хуманитарно право и можен геноцид врз палестинскиот народ.

Next Post

Вучиќ почна да апси - Приведени активисти од протестите во Србија

Вучиќ тврди: Вонредна состојба не се разгледува, ќе има други мерки

Препорачани Вести

СВР ТЕТОВО ВО АКЦИЈА – УАПСЕНИ ДЕВОЈКИ ОД КОЛУМБИЈА

2 months ago

Ристовски во интервју за Канал 5: Министерството за спорт создава стабилна основа за развој на македонскиот спорт

6 days ago

Популарни Вести

  • Меџити: Кон крајот на месец март се очекува реконструкција на Владата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Булеварот „Цветан Димов“ ќе се гради, ниту еден деловен објект нема да биде урнат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граничните премини и понатаму под блокада: Решението од ЕК се очекува денес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити во „Click Plus“: Редот во сообраќајот значи спасени животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 11 членови на семејна криминална група погубени во Кина поради интернет измами од 1,4 милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.