Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Москва: „Шамар за Зеленски“

by Уредник
20.08.2025
in Uncategorized
Москва: „Шамар за Зеленски“

Картата на Украина што беше изложена во Овалната сала на Белата куќа за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, според портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, претставува „шамар кој требаше да го врати во реалност“.

Во изјава за радиото „Спутник“, Захарова рече дека картата била „силен симболичен удар“ за сите кои, како што нагласи, „со години живеат одвоени од историјата, географијата и реалноста, повторувајќи приказни за фронтови без да сфаќаат што всушност зборуваат“.

– Тој шамар требаше на некој магичен начин да го разбуди Зеленски. Можеби нема лесно да се врати целосно во разум, но барем да се протресе и да сфати – и тој, и оние што стојат зад него – колку изгубиле и колку прокоцкале – изјави Захарова.

Британскиот „Би-би-си“ претходно забележа дека картата што ја објави Доналд Трамп носи јасна политичка порака. На неа, околу 20 проценти од украинската територија биле означени со розова боја. Според медиумот, тоа претставува „ладен потсетник за Украинците во просторијата за моменталната состојба по речиси четири години војна“.

„Би-би-си“ додаде дека изложувањето токму на таква карта било „јасен сигнал“ од страна на Трамп за засилување на притисокот врз Зеленски со цел да прифати идеја за размена на територии за мир.

Next Post
Кривична пријава против вработен во ЈП „Национални шуми“, издавал испратници без претходно издадени одобренија за сеча и го оштетил претпријатието за повеќе од 500.000 денари

Кривична пријава против вработен во ЈП „Национални шуми“, издавал испратници без претходно издадени одобренија за сеча и го оштетил претпријатието за повеќе од 500.000 денари

Граѓаните преку QR-код ќе предлагаат идеи за Скопје – иницијатива на Ѓорѓиевски

Препорачани Вести

Спречете ја евтинфлацијата – тоа е во интерес и на граѓаните, но и на трговците!

11 months ago

По трагедијата во Кочани, ДКСК утврди низа пропусти во Законот за угостителска дејност

10 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.