Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Израел започна операции во Газа: Мобилизирани десетици илјади резервисти

by Уредник
21.08.2025
in Uncategorized
Израел започна операции во Газа: Мобилизирани десетици илјади резервисти

Израелската армија соопшти дека започнала со првични операции за преземање контрола врз Појасот Газа и дека се мобилизирани десетици илјади резервисти, додека владата паралелно разгледува нов предлог за примирје.

„Започнавме со воведни операции и почетната фаза од нападот на Газа, а силите на ЦАХАЛ веќе ја контролираат нејзината периферија“, изјави портпаролот на израелската армија, бригадниот генерал Ефи Дефрин.

Иако дел од резервистите не би биле активирани пред септември, што им остава простор на посредниците за можни договори со Хамас, канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху порача дека роковите за „разбивање на упориштата на Хамас“ се забрзани.

Сигурносниот кабинет веќе одобри проширување на офанзивата со цел заземање на градот Газа – најголемиот урбан центар во енклавата, каде во првите денови од војната се водеа жестоки улични борби. Според актуелните податоци, израелските сили контролираат околу 75 проценти од територијата на Појасот Газа.

И покрај сè посилните меѓународни критики и предупредувања за ново масовно раселување на палестинското население, Нетанјаху се соочува со притисок од своите десничарски партнери во коалицијата, кои бараат одбивање на секој предлог за примирје, продолжување на офанзивата и анексија на територијата.

Next Post
Дали Германците ќе испратат свои војници во Украина? Германија пред огромна дилема

Дали Германците ќе испратат свои војници во Украина? Германија пред огромна дилема

Италијанските тренери бараат суспензија на Израел од фудбалот

Италијанските тренери бараат суспензија на Израел од фудбалот

Препорачани Вести

„Не сте сами“: Преживеани од пожарот во романската дискотека „Колектив“ нудат помош за настраданите во несреќата во Кочани

11 months ago

ВИДЕО: Членови на кабинетот на претседателот и премиерот на Србија физички се судрија на автопатот

9 months ago

Популарни Вести

  • Апсење на граничниот премин Табановце – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дивоградба на државно земјиште без одобрение – Полицијата интервенирала

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор Муцунски–Кос: Решенија за транспортните оператори и напредок во евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Шар Планина се случила лавина од ЧЕТВРТИ СТЕПЕН на опасност – до овој момент нема пријави за исчезнати лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Агресивно однесување при полициски претрес: Лишен од слобода 35-годишник од Тетовско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.