Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Костова: СДСМ е подготвен за предвремени парламентарни избори по локалните во октомври

by Уредник
22.08.2025
in Uncategorized

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е подготвен да излезе на предвремени парламентарни избори доколку таква можност се отвори по локалните избори во октомври, изјави потпретседателката на партијата Кристина Костова во интервју за емисијата „Вести плус“ на ТВ Канал 5.

„За предвремени парламентарни избори зборуваме подолго време. Потребата за нив се наметнува природно поради лошите политики на актуелната владејачка коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме во полн капацитет да го изнесеме и тоа“, рече Костова.

Таа посочи дека додека СДСМ бил на власт, се одржале два редовни парламентарни изборни циклуси, бидејќи партијата не бегала од одговорност да се соочи со граѓаните за еден цел мандат. Според неа, ВМРО-ДПМНЕ во минатото постојано бегало од волјата на граѓаните со трчање кон предвремени избори.

Говорејќи за актуелната состојба, Костова нагласи дека државата се движи во погрешна насока под водство на премиерот Христијан Мицкоски, а граѓаните тоа го препознаваат. „Оттаму и како природна се наметнува потребата од предвремени избори. Ние сме подготвени“, истакна таа.

Во врска со надворешната политика, Костова оцени дека владата доживеала „комплетен дипломатски крах“, а Министерството за надворешни работи се користи како „министерство за туризам“. Таа ја критикуваше актуелната власт за тоа што не издејствувала подобра Преговарачка рамка со ЕУ и не постигнала напредок во евроинтеграциите.

За прашањето со Бугарија, Костова рече дека деблокада на преговорите е можно да се постигне, но само со јасна политичка волја. Таа предупреди дека нарушените позиции на земјата можат да бидат неповратни, како што тоа се случило со спорот со Грција, и додаде дека отворањето на поглавјата со ЕУ ќе значи реформи, подобрување на институциите и пристап до фондови.

„Она што Македонија треба да го направи е да ги отвори поглавјата и да започне со реформите. Наместо тоа, гледаме флоскули, празноговор, популизам и лажен патриотизам, кој веќе не поминува кај граѓаните“, рече Костова.

Next Post

Денеска се отвораат понудите за третиот мобилен оператор во Македонија

„Чистата“ струја низ филтерот на бројките за малите хидроцентрали

Препорачани Вести

Почина папата Франциск

9 months ago

Упасени се Шабан Салиу, Ваљон Сарачини, Беким Незири – проширена истрагата за пожарот во Кочани

9 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.