Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати – Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Владата ја засилуваат контролата

by Уредник
22.08.2025
in Uncategorized

Владата, по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), донесе три одлуки за едностран раскин на Договори за концесија за експлоатација на минерални суровини и една одлука за одбивање на ново барање за концесија. Одлуките се веќе објавени во Службен весник на Република Македонија. 

Од формирањето на Министерството до денес, вкупно се донесени 34 одлуки за едностран раскин на концесии поради:

  • непочитување на законските одредби за експлоатација на минерални суровини,
  • неплаќање на концесиски надоместоци согласно утврдениот тарифник,
  • непочитување на мерките за заштита на животната средина,
  • пренесување на концесијата на друг субјект без согласност,
  • експлоатација надвор од одобрениот експлоатационен предел.

Во моментов се во тек и повеќе постапки за раскин или одбивање на продолжување на концесии по исти или слични причини. Во истиот период констатиран е и раскин на 11 дозволи за експлоатација поради истек на договорот за концесија. 

МЕРМС води и РЕГИСТАР на одземени концесии и тој од следниот период поради поголема транспарентност ќе биде јавно објавен на сајтот на министерството.

Министерката Сања Божиновска истакна:

 „Нашата цел е транспарентно и одговорно управување со природните ресурси. Со засилената контрола и примената на законските мерки, обезбедуваме фер и одржлива експлоатација, која носи економски придобивки за државата и поддршка за локалните заедници. Овие одлуки се директна последица на посветените активности и системската работа на Министерството за воспоставување на највисоки стандарди за транспарентно и фер управување со природните ресурси, подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите. “

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини спроведува:

  • Засилени инспекциски контроли: Редовни и вонредни теренски проверки за усогласеност со законските обврски.
  • Писмени опомени и санкции: Испратени се предупредувања до концесионерите, а едностран раскин на договори се применува кон оние кои не ги почитуваат законите.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на обезбедување економски придобивки од експлоатацијата на минералните суровини и одржлив развој кој ги поддржува локалните заедници.

Next Post

Од здравје до стил: Galaxy Watch8 е твојата нова животна навика!

Општина Битола: Нов образовен профил „Традициски играч-пејач“ во Државното музичко училиште

Препорачани Вести

Еве колку заработиле трговците со илегални интернет телевизии – сумата е огромна

3 months ago

Дали постои ризик од радијација по американскиот напад врз Иран?

6 months ago

Популарни Вести

  • Општина Прилеп: Темелно чистење на коритото на Градската река кај минорот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Влада со Бадентер не ги фаворизира Албанците, потребна е подлабока анализа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Кон крајот на месец март се очекува реконструкција на Владата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Булеварот „Цветан Димов“ ќе се гради, ниту еден деловен објект нема да биде урнат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граничните премини и понатаму под блокада: Решението од ЕК се очекува денес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.