Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Украина изведе удар врз Русија – Унгарија остана без нафта

by Уредник
22.08.2025
in Uncategorized

Украинската армија нападна нафтена пумпна станица во регионот Брјанск, дел од нафтоводот „Дружба“, што предизвика прекин во испораките на руска сурова нафта кон Унгарија.

Командантот на украинските беспилотни единици Роберт Бровди објави видео од нападот, на кое се гледа голем пожар во постројката, иако локацијата засега не е независно потврдена.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто соопшти дека транспортот на нафта повторно е запрен, истакнувајќи дека ова е „трет напад во кус временски период“.

„Ова е уште еден удар врз енергетската безбедност на нашата земја, уште еден обид да нè вклучат во војната. Тоа нема да успее – Унгарија ќе продолжи да ги штити своите национални интереси и да се залага за мир,“ порача Сијарто.

За разлика од поголемиот дел од европските држави, Унгарија и Словачка остануваат силно зависни од руските енергенси, а најголемиот дел од суровата нафта ја добиваат токму преку нафтоводот „Дружба“.

Украина во последниот период ја засили стратегијата на напади врз руската енергетска инфраструктура, која е клучен извор на приходи за руската држава. Од друга страна, Русија возврати со засилени ракетни и дрон напади врз украинската енергетска мрежа.

Next Post

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со инвестиција од 2 милиони евра во Пробиштип

Жена од Скопје изгубила над еден милион денар поради само еден повик – внимавајте на оваа измама

Плати во раст: Кои сектори донесоа најголемо зголемување и каде се намалија?

Препорачани Вести

Висар Ганиу: Апасиев од Левица со Беџети од ДУИ станаа портпароли на дискриминацијата кон Албанците во Чаир, поддржани од Данела Арсовска

8 months ago

Утре повеќе Тетовски села ќе бидат без струја

7 months ago

Популарни Вести

  • kostadinka palazova

    Почина Костадинка Палазова, гласот што го оживуваше македонското народно наследство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Илинден“-Тирана со целосна поддршка за тужбата против центрите за мигранти во Пустец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Прилеп: Темелно чистење на коритото на Градската река кај минорот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Влада со Бадентер не ги фаворизира Албанците, потребна е подлабока анализа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Кон крајот на месец март се очекува реконструкција на Владата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.