Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Германија ги заострува правилата за работа, македонските граѓани со ограничени можности

by Уредник
24.08.2025
in Uncategorized

Германија подготвува нови законски измени со кои ќе се отежни пристапот до работни дозволи за странските државјани, меѓу кои и македонските граѓани.

Според најавите, квотата за поедноставено вработување на лица од Западен Балкан ќе се преполови – наместо досегашните 50.000 дозволи годишно, ќе се издаваат значително помалку. Истовремено, новите правила предвидуваат дополнителни пречки за нелегалното вработување, особено во сектори како фризерството и козметичките услуги.

Дополнителен удар за странските работници е најавата дека брошурите за информирање околу социјалната помош ќе се печатат исклучиво на германски јазик. Досега тие беа достапни на повеќе јазици, меѓу кои англиски, руски, турски и романски.

Законот за борба против нелегалната работа и перењето пари, кој наскоро треба да се изгласа во Бундестагот, ќе воведе нова обврска – секој работник мора постојано да носи документ за идентификација, кој ќе мора да го покаже при инспекција.

Иако властите тврдат дека измените се насочени кон регулирање на пазарот на труд и спречување злоупотреби, германските компании предупредуваат дека ова ќе ја намали достапноста на работна сила, особено во градежништвото, угостителството, логистиката и транспортот. Според податоците, речиси половина од досегашните визи за Балканот биле издадени за градежниот сектор.

Next Post

Разурнувачки град ја погоди Љубљана – покриви откорнати, дрвја искршени, штети и на земјоделските парцели

На повидок нова војна: Венецуела се мобилизира по заканите од САД

Препорачани Вести

Зоран Ставрески влегува во консалтинг: Искусниот економски стратег со нова улога во приватниот сектор

7 months ago
Голем неделен хороскоп за сите хороскопски знаци (19 – 25 мај): Еден хороскопски знак го очекува унапредување, друг огромн добивка

Голем месечен хороскоп за октомври: За сите хороскопски знаци!

4 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.