Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Ѓорѓиевски: Градиме училишта, градинки и спортски објекти во секое населено место

by Уредник
24.08.2025
in Uncategorized

На Саемот-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека државата прв пат сведочи на масовна реализација на капитални инвестиции во сите општини, без поделби и селективност.

На панел-дискусијата „600 милиони евра за развој и локален прогрес“, Ѓорѓиевски нагласи дека години наназад постоела подготвена техничка документација за проекти, но поради недостаток на финансии тие не се реализирале. Промената, како што рече, дошла со новата власт, кога започнало инвестирање подеднакво во сите општини.

„За прв пат во историјата на Република Македонија, 30 години наназад, инвестициите стигнуваат до секое населено место. Наеднаш се градат училишта, градинки, спортски објекти и патна инфраструктура како никогаш досега“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека секој градоначалник ги насочува средствата според потребите на својата општина, овозможувајќи рамномерен развој на локално ниво. „Овој проект недостасуваше повеќе од три децении. Се надевам дека ќе продолжи и понатаму, за сериозно да ја градиме и менуваме Македонија како што тоа го правиме во моментов“, порача Ѓорѓиевски.

Next Post

Украински дронови предизвикаа хаос во Санкт Петербург, аеродромот затворен

Норвешка испраќа во Украина моќно оружје

Препорачани Вести

Два хороскопски знаци ги очекува банкрот до 6 јуни

Два хороскопски знаци ги очекува банкрот до 6 јуни

8 months ago

Рекордна година за Скопје – аеродромот со 3 милиони патници, растот продолжува до 3,2 милиони

2 months ago

Популарни Вести

  • Тројца  македонци поврзани со рекордна заплена од 5 тони дрога завршија во притвор во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од денеска започнува казнувањето преку „Безбеден град“ – санкции ќе следат за четири видови сообраќајни прекршоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одрон го прекина сообраќајот кон граничниот премин Џепиште – Требиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рекордна заплена на марихуана во Србија: Пет тони дрога пронајдени и петмина осомничени, еден од нив поврзан со македонска компанија за канабис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стотици битолчани ја одбележаа славата на манастирот „Св. Атанасиј“ кај Смолево

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.