Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Полицијата вчера напишала 956 казни – еве за што најмногу се казнувало

by Уредник
25.08.2025
in Uncategorized
Полицијата вчера напишала 956 казни – еве за што најмногу се казнувало

Вчера 956 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 725 за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (24.08.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 956 издадени платни налози повеќе од половината, односно 725 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, вчера беа евидентирани 26 прекршоци за неправилно паркирање, 66 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 25 санкции за возење под дејство на алкохол.

Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во текот на вчерашниот ден санкционирани биле 17 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и четворица пешаци и двајца возачи на електричен тротинет. Исто така санкционирани се 23 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, седум возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а три заради техничка неисправност.
Инаку, следствено податоците од неделниот пресек од реализираните сообраќајни контроли на патиштата низ државата во периодот од 18.08.2025 до 24.08.2025 регистрирани се вкупно 4.806 платни налози најмногу издадени по основ на непочитување на брзината на движење 1.816, потоа за непрописно паркирање 1.023 прекршоци, како и 530 платни налози за возачи кои возеле без возачка дозвола. Покрај ова 207 мотоциклисти биле санкционирани заради неносење на заштитен шлем, изречени се 211 мерки за некористење на сигурносен појас, 122 санкции за возачи за користење на мобилен телефон.

Воедно евидентирани се 28 прекршоци за возачи на електричен тротинет како и за исто толку пешаци додека пак 63 возачи се санкционирани за управување на возило под дејство на алкохол и уште 21 заради минување на црвено светло. По основ на Законот за возила откриени се 86 возила кои што биле нерегистрирани а учествувале во сообраќајот како и 33 технички неисправни возила.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Next Post
Во изминатото деноноќие лишени од слобода пет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

Во изминатото деноноќие лишени од слобода пет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

[ВИДЕО] Драма во Франција: Се урна хеликоптер за гаснење пожари

[ВИДЕО] Драма во Франција: Се урна хеликоптер за гаснење пожари

Препорачани Вести

Утре без струја делови од СКОПЈЕ и околината – проверете дали сте меѓу нив!

6 months ago

Софија Вергара блесна во Виена за празниците

3 weeks ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.