Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Голем успех за македонскиот мото спорт: 17-годишниот Стефан Тренески дебитираше во Формула 4

by Уредник
26.08.2025
in Uncategorized

Македонскиот моторспорт доби нова ѕвезда – 17-годишниот Стефан Тренески, кој иако нема возачка дозвола, веќе се натпреварува во Формула 4. Тој е првиот Македонец кој настапи во престижниот шампионат F4 CEZ, дебитирајќи на патеката „Словакиаринг“ во Словачка.

Тренески ја наследил љубовта кон брзината од својот татко, кој бил активен учесник на брзински трки. Неговиот почеток бил необичен – преку видео-игри и симулаторски натпревари, каде што редовно победувал. Ова искуство подоцна го преточил во реални натпревари, вклучувајќи го Clio Cup (Twingo Cup), каде што постигна значајни резултати.

Со својот настап во Словачка, Тренески успеа од 17-тата стартна позиција да стигне до 13-то место, покажувајќи голема брзина и конзистентност. „Научив многу и сум уверен дека следната сезона ќе се борам за врвот на Централноевропскиот шампионат. Благодарност до тимот ‘Јаник Моторс’ и сите кои ме поддржуваат,“ изјави младиот талент.

Тој веќе ја освои ФИА-сертифицираната Формула 4 CEZ академија и важи за еден од најветувачките млади возачи во регионот. Покрај настапите на патеките, Тренески има искуство и како е-спорт возач за тимот Brabham, а е и добитник на наградата „Формула Стар“.

Последниот натпревар од сезоната за Тренески ќе се одржи на 6 и 7 септември во Брно, Чешка, каде што македонската публика очекува уште еден одличен настап.

Next Post

Расте бројот на несреќи со електрични тротинети - Белгија ги засилува мерките

Гигант од воената индустрија влегува во Бугарија

Препорачани Вести

Демнење и закани по живот во Прилеп: Обвинител предлага притвор за насилникот

4 months ago

МУ ЗАМЕРУВААТ НА ТРАМП ЗА ОДЕЛОТО Ги прекрши ли претседателот на САД строгите правила на Ватикан?

9 months ago

Популарни Вести

  • Зошто нафтениот гигант Венецуела не ја користи својата енергетска предност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Mercedes CLA“ прогласен за европски автомобил на годината во Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кифер Сатерленд приведен во Холивуд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Банон предупредува: Арктикот ја става Канада во фокусот на американската стратегија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 10 интересни факти за Гренланд – најголемиот остров со стратешко значење за светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.