Магазин
Ефто Пупиноски: „Господине Спасен, ни нема спас за македонската музика“
Ги почитувам твоите напори да застанеш во одбрана на интересите на фелата како и на националните интереси ,ама пред се требаше да дојдеш на една консултација кај мене бидејќи јас овие теми ги третирав уште пред пола век. Сум реагирал сум укажувал на решенија, сум се впуштал во огнот и во сите случаеви сум останувал сам.
Доживував навреди, сопки, клевети,и казни и ја добив од својата фела етикетата “незгоден”. Значи ако застанам во одбрана на заедничките интереси на фелата, во одбрана на своето достоинство јас сум едноставно кажано “незгоден”
Кога ќе проанализирам што сум зборувал децении наназад и што сум нудел како решение за жал длабоко сум во право. Еве со вашата индеферентност и мелчење господа непочитувани колеги до каде ја дотуркавме.
Зарем треба дасе зборува за важноста од зачувување и зајакнување на нашите национални интереси и нашето национално ткиво.И имали нешто поконкретно и појасно од тоа да искомпонираш и да отпееш песна на македонски јазик со сите национални обележја и таа песна дасе обнароди.Има ли нешто повредно од тоа? Јас такви песни како нова вредност во македонската културна ризница сум внесол шест-седум сите со над милионски преслушувања на јут-јуб. (Лихнида е балкански хит,а Туѓаси бескрајно преслушана во околу 15 милиони пати.). Која е вредноста на оној шунд од север кој многу скапо го плаќате бе патриоти?
Ќе наведам неколку причини за ваквава состојба во Македонија:
1. Клучниот проблем е македонската проклетија да несиги почитуваме своите вредности.Нашата проклетија да несиверуваме во своите способности.Нашата проклетија самите во секоја можна прилика дасисе ставаме во позиција граѓани од втор ред. (Погу
бно).
Нашата реалност во две-три реченици. Нашите македонски патриоти полупијани го вејат македонското знаме, пејат патриотски песни од деветнајсти век, размислуваат како да земат и само да земат од државата,рецитираат “македонијо во срце те носиме”.
свршуваат на српска шунд музика и строго водат сметка македонските пејачи случајно данесе збогатат.
Колку истрошено, безвредно, испрдено звучат изразите легенди, доаени, ѕвезди заради грубата реалност македонска.
Ј.Христоски, А.Сариевски,Н.Бадев, В.Илиева и.т.н.умреа релативно сиромашни.НАСПРОТИ,нашите патриоти секогаш наоѓале пари за новокомпонираниот шунд од север и буквално ги плаќаат со куп пари.Тие наградените и до педесет пати повеќе од нас за иста работа во знак на благодарност им испраќаат бакнежи на патриотите и им велат “ја вас волим , висте најбоља публика на свету”.И не само тоа,и знамето македонско го опашуваат околу себе од љубов кон Македонија .Некои од нив велат дека се чувсвуваат како макадонци.МИЗЕРИЈА.
Штосе однесува до Јанчев и слични на него тие на своите гласачи им ја обезбедува духовната храна која тие сија сакаат.Ги заболе тие градоначалници за идентитетските и национални интереси.Важно им е утре да имаат гласачи за нив.Од ефтино -поефтино ,од проѕирно -попроѕирно.
2.Неразбравме ниту во 21.век дека заедничките интереси заеднички се бранат и дека со бранење на заедничките ги браниме и личните интереси.
Несвативме дека неорганизиран поединец е како лист на ветар ,немоќен и незаштитен. И кој бине штител ако не самите?АМА:Ние како естрадна фела несме опфатени нисо еден закон,подзаконски акт или слично.Значи ние званично во Македонија не постоиме.Од тоа произлегува дека ние несме здружени во валидна функционална естрада.. која биги регулирала нашите права и обврски во естрадната дејност.Исто така ние немаме синдикат кој биги штител нашите интереси.Многу впечатлива беше ситуацијата од пред десетина месеци кога на редица пејачи им беа откажани настапите во дијаспората (пред се во Австралија )затоа што пееле за оваа си или онаа партија и сето тоа под притисок на квази патриоти од дијаспората.Кој застана во одбрана на пејачите?НИКОЈ!Да имавме синдикат или естрада на тие патриоти кратко и јасно ќеим беше кажано дасија гледаат својата работа зошто ако и понатака се мешаат можат дане добијат ниту пејач ниту оркестар.
За потребата од организирање на естрадните уметници зборувам пола век.Неможе дасе објасни и дасе разбере незаинтересираноста на членството за овој вид на организирање кое во западниот свет функционира преку 100 години и кое организирање е без алтернатива.Да бевме организирани во голема мерка ќе го регулиравме и овој наплив на пејачи од север.
3.Неспорно свој дел кон губење на идентитетот имаат сите досегашни влади кои законски ги обврзуваат медиумите да емитуваат македонска музика.
(Мислам само 30 %.)Абе што дасе каже.Ало, уште ли не има, уште ли преткаме? Да бевме организирани и во овој дел ќе имавме сериозно влијание.
И така господине Спасен-ни нема спас бидејќи го имаме најсериозниот проблем -ЧИПОТ во главата на македонскиот патриот-чипот македонска проклетија.
НАПОМЕНА: Вам со коментарите дозволено вие да ме псуете,даме плукате во своите коментари,даме клеветите, даме омаловажувате,и.т.н.тоа е ништо во споредба со проклетијата која од раѓање ние македонците во себе ја носиме.
Ефто Пупиноски
Магазин
Рим воведува наплата на билети за една од своите најголеми атракции
Градските власти во Рим размислуваат за воведување наплата за посетите на една од најпознатите туристички атракции во градот – Фонтаната Треви, поради сè поголемиот број туристи и проблемите со пренатрупаност во централното градско подрачје.
Фонтаната Треви, сместена во истоимениот кварт, со децении е симбол на Рим и место каде посетителите традиционално фрлаат парички за среќа. Обичајот стана светски познат по филмот „Три парички во фонтаната“, а според проценките, од фонтаната дневно се собираат околу 2.800 евра, односно повеќе од 900.000 евра годишно. Собраните средства се донираат на католичка добротворна организација.
Во првата половина од 2025 година, повеќе од 5,3 милиони туристи ја посетиле Фонтаната Треви, што предизвика бројни поплаки за преголеми гужви, долги редици и појава на џепчии. Како одговор на состојбата, од јануари се планира воведување два одделни влеза – еден за жителите на Рим и еден за туристите.
Италијанските медиуми објавија дека се разгледува можност од 7 јануари туристите да плаќаат билет од две евра за посета на фонтаната, што, според неофицијални проценки, би можело да донесе значителни приходи во градскиот буџет. Сепак, Градскиот совет на Рим соопшти дека засега нема конечна одлука и дека станува збор само за опција која е предмет на анализа.
Фонтаната Треви е доцнобарокно архитектонско дело, изградена во 18 век, со ширина од 20 и висина од 26 метри, и претставува најголемата фонтана во градот. Таа неодамна беше прогласена за една од најдобрите туристички атракции според изборот на патниците за 2025 година.
Поради пренатрупаноста, од минатата година бројот на посетители е ограничен на максимум 400 лица во исто време, а воведен е и систем за организирано чекање во ред. И покрај тоа, гужвите остануваат сериозен проблем, а не е јасно дали евентуалната наплата на билети ќе придонесе за негово решавање, со оглед на континуираниот раст на туризмот во Рим.
Магазин
САД се закани со жестоки мерки поради острата казна на ЕУ за X на Маск
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп упати предупредување за можни протумерки кон европските компании поради „дискриминаторни“ мерки против американските услуги.
Во објава на платформата X, Уредот за трговски претставници на САД (USTR) го обвини Европскиот сојуз и некои членки за „дискриминаторни и проблематични тужби, даноци, казни и директиви против американските услуги“. Во исто време, USTR посочи дека европските компании како Accenture, DHL, Siemens и Spotify „слободно работат“ во САД.
„Ако ЕУ и земјите членки инсистираат на продолжување со ограничувањата и дискриминирачките мерки, САД нема да имаат друг избор освен да користат сите расположливи алатки за да се спротивстават на овие неправедни мерки“, се наведува во соопштението.
Ова следува по казната од 120 милиони евра што Европската комисија ја изрече на платформата X на Елон Маск за кршење на правилата за транспарентност според Актот за дигитални услуги. По казната, X го укина акаунтот за реклами на Европската комисија, а Маск спореди ја Унијата со нацистичка Германија.
ЕУ нагласи дека казната е изречена поради обесхрабрување на корисниците, оневозможување на истражувачите да дојдат до податоци и недостаток на транспарентност во документацијата за реклами. Трамп претходно ја критикуваше казната, велејќи дека „Европа се движи во погрешен правец“.
Магазин
Влад Илиќ од Куманово: Најдобар стенд ап комичар во Велика Британија за 2025
Во „бастионот“ на светската комедија, култниот Comedy Store во Лондон, македонското знаме симболично се развеа на највисокото скалило. Во конкуренција на дури 700 комичари од целото Обединето Кралство, на 3 декември 2025 година, Македонецот Влад Илиќ ја понесе престижната титула „Најдобар стенд-ап комичар во Велика Британија за 2025“.
По првиот голем блесок на ББС пред три години, овој успех е круна на една десетгодишна фасцинантна транзиција. Патот на Илиќ започна како актер во Кумановскиот театар, каде што под влијание на домашните мајстори како Сашко Коцев и Тони Михајловски, почна да го бруси својот талент за подоцна да се лансира меѓу светските ѕвезди.
„Среќен сум што годините поминати на сцена се крунисани со ова признание. Тоа е потврда за сиот влог, но најмногу за хуморот кој е специфичен и веќе препознаен. Она што ме издвојува е нашиот менталитет – тој уникатен македонски ген кој ни овозможува на животот да гледаме малку понесериозно и пообјективно. Можеби во фудбал секогаш ќе губиме од Англичаните, ама во хуморот не ни можат ништо!“, вели расположениот Илиќ веднаш по триумфот.
Зад блескавиот пехар стојат илјадници непроспиени ноќи, аматерски настапи во зачадени клубови и неуморно пишување материјали. Влад денес е вистински полиглот на сцената, изведувајќи ги своите шоуа на четири јазици: македонски, англиски, српски и италијански.
„Ништо не е случајно во ваков натпревар,“ објаснува тој. „Ме грее љубовта кон професијата, поддршката од семејството и гордоста што ја претставувам мојата татковина. Тој пламен е посилен од студот на овој дождлив остров.“
Покрај статуетката, Илиќ доби и парична награда од 10.000 фунти. На прашањето каде ќе завршат средствата, тој во свој препознатлив стил одговори: „Ќе ги дадам во хуманитарни цели – на братучедите.“
Трендинг
-
Црна Хроника5 days agoХорор на патот Охрид–Струга: Возач двапати тргнал кон полицајци и успеал да избега
-
Црна Хроника5 days agoДрама на автопатот Тетово – Гостивар: Ги пресретнале со ротација им го пресекле патот, па ги истепале
-
Црна Хроника2 days agoКривична пријава за командир и полицајци – МВР со детали
-
Црна Хроника5 days agoКривични пријави против полицајци од Штип – МВР со детали
-
Република2 days agoУтре дел од Тетово и три тетовски села без електрична енергија
-
Македонија6 days agoМВР со конечна одлука еве кога почнува „Безбеден град“
-
Црна Хроника3 days agoХорор во Тетовско: Физички нападнати полицајци
-
Црна Хроника6 days agoФизички нападната девојка на работно место во Брвеница















